Турски појадок: Рецепт за јајца во јогурт

Турски појадок: Рецепт за јајца во јогурт

Јајца послужени со јогурт и лук е турски специјалитет достоен за султанот. Според некои извори, уште во 15-от век овој појадок секо утро бил послужуван на масата на отоманските владетели. Во овој појадок се додава чили Алепо кое е именувано по сирискиот град каде претежно се одгледува. Познат е и како халабинска паприка, халеб бибер и пул бибер.

Ако немате Алепо ќе ви послужи и лут, мелен пипер. Готвачите ширум светот се вљубуваат во овој турски појадок, така што можат да се забележат многу варијации од рецепт до рецепт. Некои готвачи го загреваат јогуртот пред да го послужат за да го направат кремаст, додека други го послужуваат ладен.

Турски појадок: Рецепт за јајца во јогурт

Најтешкиот дел е подготовката на јајцата, но со малку вежбање е лесно да се добијат добри резултати. За да ги направите јајцата како што треба изберете свежи јајца, бидејќи ако отстојат стануваат водени, па додека се готват нема да се обликуваат добро. Исто така, јајцата треба да бидат ладни, затоа што така остануваат подолго притиснати и нема да „танцуваат” во тавата. Така полесно и ќе знаете кога се готови, бидејќи жолчката ќе биде течна, а белката тврда.

Овој појадок е наречен „чилбир”, па внимавајте да не го смешате со „чимбур” што претставува јадење со мелено месо и јајца кое се подготвува низ целиот Балкан.

Потребни состојки:

  • 200 г јогурт
  • 1 чешне лук
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици путер
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 лажичка мелен пипер
  • 2 јајца
  • 1 лажица јаболков оцет
  • копар

Начин на подготовка:

  1. Земете сад со средна големина, наполнете го со вода околу 4 цм и загрејте го. Покријте со друг сад отпорен на температура кој нема да ја допира водата и во него ставете го јогуртот, солта и сечканиот лук. Промешајте.
  2. Кога јогуртот ќе се загрее на телесна температура (проверете на кожата) исклучете ја топлината, но оставете го садот.
  3. Загрејте го путерот, а кога ќе потемни, исклучете ја топлината и додадете го маслото и мелениот пипер. Промешајте ги.
  4. Додадете го оцетот во водата и намалете ја топлината пред да зоврие. Скршете ги јајцата во одделни чинии. Направете кружно движење со лажица, а потоа ставете го јајцето внатре и гответе го на умерена топлина за 3 до 4 минути, а потоа извадете го со слотна лажица.
  5. Поделете го топлиот јогурт во две чинии и ставете по едно јајце во секоја, а потоа истурете го маслото со мелениот пипер и по желба украсете со копар.

Можеби ќе сакате да го пробате и овој рецепт за кремаст сос.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар