Ригите се присутни на женските парчиња облека уште од далечната 1917 година, потекнувајќи од Париз, како одговор на женските фустани од Коко Шанел коишто тогаш владееле на модната сцена. Коко Шанел ја направила првата модна револуција, додавајќи машки елементи на женска облека, па ригите долго време биле сметани како феминистичка модна изјава.
Низ историјата, по ригите биле познати многу личности, како што се Одри Хепберн, Џејмс Дин, Мерлин Монро, а дури и Пабло Пикасо. Со тоа може да се заклучи дека дијагоналните риги коишто веќе стотина години не излегуваат од мода, не прават да изгледате пошироки, туку повеќе шик. Сепак, постојат неколку трикови коишто ќе ви помогнат да ги направите совршените комбинации на ваквите парчиња облека. Погледнете ги овие неколку ригести парчиња облека коишто одговараат на сечија фигура.rn
1. Вертикални риги на критични места
rnВертикалните риги го збунуваат окото на набљудувачот и прават да изгледате послаби. Здолништето со крој во форма на молив, може да одговара и на жени со пошироки колкови ако на него се наоѓаат вертикални риги, а маичката или фустанот со дебели или ситни вертикални риги може да ја издолжи целата фигура.
rn
2. Правило 90:10
rnЗа да се избегне ефектот на вишок килограми кај обичните ригести маици, многу модни експерти советуваат за правилото 90:10, што значи 90 проценти светли бои, наспроти 10 проценти темни.
rn
3. Хоризонтални риги коишто ја следат силуетата
rnНе треба да се плашите од ригите ни кога ја следите линијата на телото. Ако пак се работи за опуштена туника или фустан, ефектот на витка фигура ќе го постигнете со каиш или трака околу струкот.
rn
4. Структурни или опуштени парчиња облека коишто наликуваат на машка кошула
rnДолгите опуштени кошули со или без ракави се одличен избор за оние коишто сакаат да го сокријат стомакот и да ги покажат слабите нозе. Руската јака со продолжено V деколте или пак, со двете први копчиња откопчани, ќе создадете ефект на издолжување и вашите недостатоци ќе останат сокриени.

