Погледнете во плакарот на вашата мајка: 7 ретро трендови кои ќе владеат во текот на пролетта и летото

Погледнете во плакарот на вашата мајка: 7 ретро трендови кои ќе владеат во текот на пролетта и летото

Женствените детали се повторно најбарани.

Погледнете во плакарот на вашата мајка: 7 ретро трендови кои ќе владеат во текот на пролетта и летото

Старински крагни, комплетите во една боја, „мамините“ панталони, сандалите со полна пета и разни други стилски ретро парчиња стапуваат на сцената ова лето, откриваат познавачите на модата кои ја најавуваат летната сезона.

1. Крагна

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria (@pinkiekoala) on

Се враќа во големо издание инспирирана од фустаните за кукли и детали од чипка со карнери, кои некогаш ги носеа и девојчињата.

2. „Мамини“ панталони

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝓝𝓲𝓷𝓲 𝓛𝓸𝓿𝓮𝓿𝓪𝓵𝓵𝓮𝔂 (@ninilovevalley) on


Беж панталоните кои потсетуваат на здолниште, денес доаѓаат во комбинација со сако. Тие се широки, удобни и имаат висок струк. Идеални се за комбинирање со некаков впечатлив ремен или марама врзана како панделка.

3. Големи пуфнести ракави

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Abida Fatima 🌸 (@chicstyleandlatte) on


Парче облека инспирирано од 80-тите години и од светот на гламурозните дами кои вишокот време го минуваа со коктел покрај базенот. Ова лето ќе бидат уште поголем хит отколку во минатото и тоа на фустани, блузи и кошули. Дури и на тренерки.

4. Полна пета

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charlie Stone Shoes (@charliestoneshoes) on


Блок-потпетиците веќе нè освоија, но сега тие сè повеќе потсетуваат на чевлите на баба кои се удобни и широки кај прстите.

5. Комбинезони

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Charline’s Closet (@charlinescloset) on


Доаѓаат во многу варијанти, од оние за дневно излегување и за низ дома до оние за на работа како и елегантните и сјајни како сончевата светлина. Боите се разновидни, под инспирација на боите на виножитото. Сепак, најдобар е темниот комбинезон во темносина варијанта.

6. Пантолони во боја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by s a b a (@sabaatage) on


Тие беа хит во 70-тите, а сега повторно се враќаат на сцената и евоцираат насмевки и стилска позитива. Омилени се боите како жолта, портокалова, црвена и виолетова.

7. Еднобоен комплет

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simran Anand (@simrananand21) on


Изберете една боја од глава до пети, во комбинација со блејзер и маица со ист тон. За креативната игра да добие модерен тон, можете да додајте сребрени додатоци за комбинацијата ќе изгледа модерно, слично како и во 50-тите години кога еднобојните комбинации биле главен хит.

Можеби сакате да прочитате и за неонските бои што се во мода во 2020 година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар