КАФЕ ПАУЗА

5 чекори за избегнување на непријатниот мирис на нозете

5 чекори за избегнување на непријатниот мирис на нозете

Written by

in

,

Нозете постојано се потат, а потта е идеално место за развој на бактерии кои потоа ослободуваат многу непријатен мирис. Него можете да го избегнете со примена на некој од овие чекори.rnrn5 чекори за избегнување на непријатниот мирис на нозетеrn

1. Оставете ги стапалата да дишат

rnПостојат два начини да ги поставите стапалата да дишат. Можете да носите отворени обувки како сандали или влечки секогаш кога тоа е можно или да носите чорапи кои не ја впиваат влагата. Избегнувајте ги памучните чорапи затоа што тие ја впиваат влагата, го држат стапалото влажно и испотено, а тоа создава лош мирис. Наместо памучни, користете чорапи кои се направени од мешавина од синтетички влакна како спандекс, најлон и полиестер, кои влагата ја префрлаат надвор.rn

2. Мијте ги нозете со алкохолен оцет

rnСапунот и водата се добар начин на борба против мирисот на нозете, а и средствата за дезинфекција на рацете многу помагаат. Ако сакате да пробате нешто поинакво, растворете една чаша алкохолен оцет во четири литри вода и со нив мијте ги стапалата еднаш до два пати дневно.rn

3. Елиминирајте ја влагата

rnГледајте нозете постојано да ви бидат суви, затоа што само влажните нозе мирисаат. Лекарите советуваат да си помогнете и со нанесување на бебешка пудра, пченкарно брашно или сода бикарбона. Можете да нанесете и антиперспирант на табаните, како и помеѓу прстите пред спиење и по утринското туширање.rn

4. Носете суви обувки

rnБи било идеално кога би имале повеќе пара обувки, па би ги менувале почесто за тие да можат да се исушат и да не ја држат влагата во себе. Ако не располагате со повеќе пара обувки, секогаш сушете ги на воздух штом ќе ги собуете. Можете да користите и миризливи влошки кои секако треба да ги менувате штом го изгубат дејството.rn

5. Побарајте помош од лекар

rnАко ништо не помага, немојте да се срамите да побарате помош од лекар. Тој можеби ќе утврди постоење на некое здравствено нарушување поради кое ви се јавува овој проблем.rnrn rnrn


rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.