Изолацијата преку ноќ го замени активниот начин на живот со пасивен, па многу луѓе работат од дома и сè почесто го отвораат фрижидерот, дури и кога не се гладни. Но, за да се заштитите од вирусот, мора да се храните здраво. Затоа, следете ги овие совети што ќе ви помогнат да го избегнете внесувањето непотребни калории и да воспоставите здрав начин на исхрана.rnrn
rn
1. Направете распоред и придржувајте се до него
rnИспланирајте го распоредот за оброци исто како што правите кога одите на работа. Појадувајте, ручајте и вечерајте во исто време секој ден. Ако имате деца, планирајте ги оброците и во согласност со нивните активности. Не заборавајте и на здравите ужинки.rnrnКога ќе испланирате сè, значително ќе ја намалите можноста да јадете само затоа што ви е здодевно.rn
2. Планирајте ги оброците
rnЗа да го намалите одењето во продавница, направете неделен план за оброци и соодветно на тоа, направете и список на потребните намирници.rnrnКога ги планирате оброците, планирајте и како можете да го користите тоа за вашиот следен оброк. На пример, можете да направите крем супа од преостаното пире.rn
3. Пакувајте ја храната
rnАко на работа носите ручек спакуван во пластични садови, можете да го сторите истото додека работите од дома. Ставете ги ручекот и ужинките во садови или во ќесички и јадете по потреба.rnrnНа овој начин го контролирате внесот на храна и нема да јадете нездрави грицки.rn
4. Снабдете се со здрави грицки
rnКонсумирањето здрави грицки во вистинско време ќе ви го контролира гладот и ќе бидете полни со енергија и со хранливи материи. Изборот е голем: целер со путер од кикирики, парчиња јаболка со путер од бадеми, сечкани круши со парчиња сирење, овошно смуди, сладолед од банана, пита со маслинки, пуканки итн.rn
5. Обидете се да им одолеете на нездравите грицки
rnПред да посегнете по ќесичката чипс, запрашајте се дали навистина сте гладни. Можеби само сакате да ја ублажите вашата вознемиреност или да ја убиете здодевноста.rnrnАко не сте гладни, подобро е да правите вежби за истегнување или да медитирате десетина минути. Исто така, внимавајте да не работите близу до фрижидерот бидејќи така нема да можете да му одолеете.rn
6. Најдете поздрава замена
rnКога сте под стрес, обично барате утеха во храната која е нездрава, полна со маснотии и со калории. Сепак, питата со зеленчук или мини вегетаријанската пица може да бидат вкусна и здрава замена. Желбата за благо ќе ја намалите со консумирање овошје, овошно смуди, сладолед од банана или неколку коцки темно чоколадо.rn
7. Внимавајте на алкохолот и на кафето
rnЧаша вино или вашиот омилен коктел може да бидат добро решение за борбата против стресот. Сепак, само една или две чаши пијалак може да ви го нарушат сонот.rnrnКонсумирајте една до две шолји кафе до попладневните часови за да имате квалитетен сон.rnrnПогледнете кои се 6-те додатоци во исхраната што навистина може да го зајакнат имунитетот.