8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијални

8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијални

Пеглата е многу покорисен апарат во домаќинството отколку што мислите. Не само што може да направи вашата облека да изгледа одлично, туку може да ги поправи и неправилностите на вашиот дрвен мебел, правејќи ја површината како нова. И, доколку не можете да извадите гума за џвакање од вашата облека, пеглата и овде може да ви помогне!

Добро е кога луѓето прават нешто неконвенционално користејќи обични работи. Па, затоа споделуваме неколку работи за кои не очекувате дека пеглата може да ви биде од корист!

1. Можете да ги израмните вдлабнатините на мебелот

8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијални

За да ја отстраните вдлабнатината од вашата дрвена маса или од кое било друго дрвено парче мебел, потребна ви е пегла, парче ткаенина и вода. Попрскајте малку вода на вдлабнатината, покријте ја со влажно парче ткаенина и пеглајте. Од време на време додавајте вода на ткаенината и повторно пеглајте. Повторувајте го ова се додека вдлабнатината не се израмни.

2. Можете да отстраните восок од свеќи

8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијални

Доколку имате восок од свеќа на облеката, на вашиот тепих или на било која ткаенина, можете да го отстраните со пегла. Едноставно ставете ја областа со восок помеѓу 2 крпи и притиснете со топла пегла (проверете дали е на ниска температура). Восокот ќе се запепи на крпите, а вие ќе се ослободите од дамките на облеката. Истиот трик може да се користи и за отранување на восокот од свеќи од тврди површини.

3. Можете да отстраните гума за џвакање од вашата облека

8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијални

Поставете ја областа со гума за џвакање на парче дебела хартија, така што страната со гума за џвакање да допира на хартијата. Пеглајте на спротивната страна од ткаенината. Гумата за џвакање ќе омекне и ќе се залепи за хартијата, со што ќе овозможи лесно да го отстраните остатокот од вашата облека. Бидете сигурни дека температурата не е премногу висока, во спротивно гумата за џвакање ќе се растопи и ќе биде тешко да се отстрани.

4. Можете да готвите храна

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maryam Queue (@honeybconfessions) on

Пеглата можете да ја користите за да подготвите скоро сè што нормално би приготвиле на шпорет. Само ставете на неа фолија, додадете малку путер или масло и имате тава за пржење! Друг начин да го направите тоа е да ставите храна помеѓу две парчиња фолија и потоа да загревате со пеглата. На овој начин можете дури да пржете и сланина! За тоа, можеби ќе ви треба и даска за сечење и крпа за да бидете сигурни дека нема да ја оштетите површината, а може лесно да ги исчистете маснотиите од пеглата.

5. Можете да ги отстраните дамките од топлина од дрвените површини

8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијални

Ако ставите топла чинија или чаши на дрвена маса, може да се појават дамки од топлината. За да ги отстраните, прво поставете крпа над дамките. Потоа, испеглајте ја областа со пегла на пареа.

6. Може да ги отстраните вдлабнатините на тепихот, направени од мебелот

8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијални

Ако одлучите да се ослободите или да преместите парче мебел, ќе забележите дека останало вдлабнатина на тепихот. За да ја остраните, земете влажна крпа и ставете ја над вдлабнатината. Потоа загревајте ја крпата со пегла на пареа. Од време на време подигнувајте ја крпата за да се ослободат влакната од тепихот. Повторете неколкупати, сè додека не ги видите посакуваните резултати.

7. Можете да сочувате цвеќиња

8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијални

Обично, потребни се неколку недели за цвеќината да станат доволно суви за да ги сочувате во книга. Со пегла, ќе бидат потребни само неколку минути. Ставете го цветот помеѓу 2 листови хартија и израмнете го со нешто тешко. Со пеглата загреана на ниска температура, притиснете го горниот дел од хартијата 15 секунди. Потоа, оставете ја хартијата 15 секунди да се олади и повторувајте го процесот додека цветот не се исуши.

8. Можете да ги пластифицирате вашите документи

8 алтернативни употреби на пеглата кои се генијални

Не мора да купувате машина за пластифицирање за да ги пластифицирате вашите документи. Само ставете парче хартија помеѓу 2 листови за пластифицирање, ставете парче ткаенина на врвот и пеглајте. Внимавајте температурата да не е премногу висока и да нема вода во пеглата.

Можеби сакате да дознаете и зошто вашите садови остануваат валкани и по миењето во машината за садови?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар