Мајка која ги подучува своите деца од дома има 9 одлични совети за родителите: Ако станат нервозни, сторете го ова!
Оваа мајка ќе ви даде неколку совети како вашите деца да учат, иако се во домашни услови поради коронавирусот.
Хјули Шнајдер е мајка на 4 деца и таа изведува настава од дома уште од 2018 година, па одлучи да им олесни родителите преку неколку совети. Нејзините поголеми деца имаат 7 и 2 години, додека нејзиното најмало дете има 9 месеци. Таа и нејзиниот сопруг го отпишале најстарото дете од приватно училиште до 2028 година.
Таа вели дека домашното образование е слично и на самото одгледување на децата, некои денови ќе бидат одлични, а некои денови ќе се прашувате дали можете да издржите. Според неа треба да имаме на ум дека децата се чувствуваат на ист начин како во училиштето.
Ова семејство се решило на ваков чекор затоа што сметало дека 80% од учењето е градење карактер, а 20% е делот со основни работи што треба да ги знаат. Мајката смета дека домашно образование нуди многу можности и ја овозможува радоста што недостасува во јавните училишта.
Хјули го направила овој список со врвни совети за едукација во домашни услови, бидејќи се надева дека тој ќе им помогне на другите, особено на оние кои одеднаш се нашле во ваква ситуација заради коронавирусот.
1. Социјални мрежи
Ограничете го времето што вашите деца го поминуваат пред екранот и бидете сигурни дека тие ги завршиле своите задачи пред да седнат зад екранот. Обидете се колку што е можно повеќе да креирате игри и да ги насочите кон некое хоби со фокус на некои едукативни и креативни активности.
2. Активности
Со нив градете замоци, играјте друштвени игри или читајте им гласно, дајте им да сликаат или да редат лего-коцки.
3. Нивното расположение
Бидете сигурни дека децата обаќаат внимание на нивното расположение и не ги принудувајте да прават нешто што не сакаат. Ако се нервираат, променете го вашиот пристап.
Подгответе им ужинка, направете им го омилениот напиток.
Обидете се да се ставите на нивно место зашто така решението ќе го најдете полесно.
4. Вашето расположение
Ако чувствувате дека нервозно реагирате на вашите деца, запрашајте се зошто сте такви. Ставете се на нивно место и размислете како би сакале некој да ве третира.
5. Слободно време
Пронајдете некакво задоволство додека го поминувате времето со своите деца. Бидете тука за нив во секое време, особено сега кога не сте во канцеларија и имате повеќе време за нив.
6. Меѓусебни односи
Ако имате повеќе деца, научете ги да изградат добри меѓусебни односи. Сега е вистинската можност да се збижат уште повеќе.
7. Слушајте ги
Ако ви поставуваат прашања за работите околу нив, истражете ги заеднички и одговорите им. На пример, како да изградат мост, како сами да создадат некој предмет, како да ги истражуваат растенијата што ги имате дома… Сфатете ги сериозно и едуцирајте ги.
8. Бонтон
Сега кога децата се со вас 24/7, имате можност да ги воспитате и да ги научите на бонтон уште подобро. Не дозволувајте им да се прекинуваат меѓусебно и поставете им јасни граници, рутини и распоред. Ако се доволно возрасни, дајте им задолженија – нека ги измијат садовите, нека ги наредат алиштата, или нека ги соберат играчките.
9. Издржете
Децата често ќе плачат и ќе се жалат, бидете подготвени на тоа. Во никој случај не им одговарајте нервозно и не ширете негативна енергија, туку дајте сè од себе за да им помогнете и да го решите проблемот што се појавил. Хјули, исто така, препорачува да се користи Јутјуб со видеа со вежби за деца, аудио книги и други материјали. Таа додава дека треба да танцувате, да се шегувате и да си играте со децата.
Можеби сакате да прочитате и за 16-те паметни деца кои разговараат подобро од возрасните.