Минималистичкиот стил е сè само не досаден: 5 пролетни трендови со кои ќе изгледате како кралица
Без разлика кои трендови се актуелни, едноставноста никогаш не излегува од мода, а таа е претставена преку минималистичкиот стил.
Дамите кои се облекуваат вака, без сомнение, секогаш имаат причина да се дотераат, а овие парчиња гардероба освен што се многу практични, воопшто не се досадни и монотони!
Ви ги претставуваме првите 5 пролетни трендови за кои сите љубители на минималистичкиот стил ќе полудат!
1. Убава ткаенина
View this post on Instagram
За среќа за љубителите на минималистичкиот стил, дизајнерите работеле напорно на убавите плетени модели во последниве неколку месеци. Спојте плетено долго здолниште и џемпер, по можност од фин материјал и убави пролетни нијанси како сина, розова, беж или теракота и бидете дотерани во секоја пригода.
2. Голема чанта
View this post on Instagram
Еден од најголемите трендови за пролет 2020 година се огромните торби во 1 или 2 бои. Габаритните модели со недефинирана форма најмногу ќе се носат во следниов период.
3. Костуми со широки бермуди
View this post on Instagram
Мегапопуларните женски костуми ви овозможуваат спектар од можности во потоплите денови во стилот – јакна или џемпер во комбинација со широки бермуди. Комплет во светли, пролетни нијанси ќе биде совршен хит за оваа пролет, а тој одлично прилега со чизми до колена или сандали во стилот на 90-тите години.
4. Невообичаени кроеви
View this post on Instagram
Едноставноста и евентуалната монотонија на еднобојната блуза оваа пролет ќе биде избегната преку необичните кроеви.
5. Упадливи ѓердани
View this post on Instagram
Повторно ќе се носи еднобоен масивен накит, најмногу со неутралните нијанси на златната боја и без многу сјај.
Можеби сакате да прочитате и за неонските бои што ќе бидат во мода во 2020 година.