Имам навика на децата секоја вечер да им прочитам бајка или да им раскажам приказна. Сепак, понекогаш сум толку уморна и не можам да издржам, па затоа започнав да им ги поставувам овие 4 прашања наместо да им раскажувам приказни.rnrn
rnrnВерувајте ми – ништо не нè зближи повеќе од ова!rn
1. Што најмногу ви се допадна денес?
rnОва прашање ни овозможува заеднички да поминеме низ емоциите што сме ги доживеале тој ден. Тие, мене лично, ми даваат преглед на она што го сакаат моите деца. Честопати се смееме на некои убави моменти што ги доживеавме тој ден. А, има ли нешто поубаво од тоа да споделите смеа со вашите деца?rn
2. Што најмалку ви се допадна денес?
rnОва прашање нè враќа во реалноста. Никој не е совршен. Животот не е совршен. Сите правиме грешки, но додека сме во состојба да си ги признаеме, ќе можеме и да ги поправиме истите. Ова прашање ми помага да ги охрабрам моите деца да се извинат, доколку е потребно и да поправат што можат. Убаво е кога децата сфаќаат дека дури и најлошите работи може да се поправат утре, затоа што утре е нов ден.rn
3. Дали имате какви било прашања денес за мене?
rnОва прашање има за цел да ги натера децата да разберат дека може да ја прашаат мајка си што сакаат! Јас може да им верувам, затоа што преку прашањата секогаш ќе им го дадам одговорот на нивните недоумици. Мајката секогаш ќе биде тука да разговара со нив, дури и за најнепријатните теми.rn
4. Каква корист имавте од денешниот ден?
rnОва прашање има за цел да ја согледаат позитивната страна од животот. Од лошите и добрите денови да се извлече поука – тоа е сè на светот! Ова е најмоќното прашање, а децата ќе одговорат и на него – само пробајте го тоа од нив!rnrnТие растат со молскавична брзина. Додека трепнете, ќе ви недостигаат милион работи кои сте ги правеле со нив. Овие прашања ќе ви помогнат навистина да го запознаете вашето дете.rnrnИ колку порано започнете со оваа традиција – толку подобро. Ако детето уште од најрано детство научи да одговори на овие прашања, ќе биде природно во неговите тинејџерски години да разговара со вас за сите „незгодни“ теми и прашања што ќе се појават.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто прекумерното фотографирање може да им наштети на вашите деца?