Ниедно раскинување не е безболно и потребно е време за раните да задрават. Некои хороскопски знаци тагуваат долго, додека други наоѓаат утеха кај новиот партнер. Во продолжение прочитајте како секој хороскопски знак се справува со раскинувањето.rnrn
rn
1. Овенот е „во драма“, но не сака да го покаже тоа
rnНа Овенот најмногу му пречи здодевноста и тоа е една од главните причини за раскинување.rnrnКога ја завршува љубовната романса, овој хороскопски знак воопшто не е достоинствен. Ако партнерот го повреди, веднаш ќе стави ѕид пред него и ќе се однесува ладно кон него.rnrnИако тешко го поднесува раскинувањето, никогаш нема да го покаже тоа, но ќе даде сè од себе за и понатаму да остане главен освојувач.rn
2. Бикот страда долго и тивко
rnОвој хороскопски знак тешко се одлучува да ја раскине врската, но штом ќе одлучи, не се премислува. Бикот е чесен и верен, а тоа го очекува и од својот партнер.rnrnСепак, тоа е често му се одбива од главата. Тој страда тивко и долго и никому нема да каже како се чувствува.rn
3. Близнаците со месеци размислуваат „зошто“
rnБлизнаците се справуваат со раскинувањето многу лошо затоа што тие се навикнати да бидат во центарот на вниманието во друштвото. Поради тоа, не можат да замислат некој да ги остави.rnrnТие бараат објаснувања, му ѕвонат на партнерот во текот на ноќта, имаат испади на нежност, но ако Близнаците се тие што го одлучиле да раскинат, тие се уверени во својата одлука, колку и да била ненадејна.rn
4. Ракот чека да му се врати партнерот
rnРакот е емотивен и често чувствува дека не добива доволно љубов. Сепак, ретко се одлучува за раскинување или за развод.rnrnТој е упорен во одржувањето на врската, па дури и кога ќе заврши, тој не губи надеж за помирување, а добронамерните совети на пријателите и на семејството воопшто не помагаат.rn
5. Лавот нема да покаже дека е повреден
rnОвој хороскопски знак е премногу себичен и горд за да признае пораз и ќе се обиде да ги убеди и другите и себеси дека едноставно не му е грижа.rnrnНо, ако раскине, Лавот се обидува да го задржи својот поранешен партнер како пријател, што честопати го спречува во новите познанства.rn
6. Девиците раскинуваат на културен начин
rnДевица е верна и ќе стори сè за врската во која ужива да трае засекогаш. Овие личности често ќе испраќаат љубовни пораки и ќе покажуваат нежност.rnrnАко дојде до раскинување, Девицата ќе се однесува цивилизирано. Ако дојде до развод и ако имаат деца, овие личности ќе дадат сè од себе за тие да не страдаат премногу.rn
7. Вага се преправа дека сè е во ред
rnНа прв поглед, Вагата се справува добро со раскинувањето, но сето тоа е само маска. Благодарение на нејзината брилијантна глума, таа нема да покаже дека е повредена затоа што не сака на другата страна да ѝ го допушти тоа задоволство.rnrnАко таа одлучи да раскине, ќе даде сè од себе за тоа да помине во најдобар ред.rn
8. Скорпиите на раскинувањето гледаат како на предавство
rnСкорпијата е склона кон изневерување, но, сепак, раскинувањето го сфаќа како предавство. Поради тоа, ќе се обиде да му се одмазди на поранешниот партнер. Овој хороскопски знак најтешко ја поднесува разделбата затоа што ретко се поврзува со некого.rn
9. Стрелецот брзо продолжува понатаму
rnСтрелецот е посесивен партнер, но брзо заздравува по раскинувањето. Тој смета дека не треба да го помине животот во тагување и затоа смета дека најлесно ќе го преболи бившиот ако започне нова врска.rn
10. Јарецот ќе направи сè за да го задржи партнерот
rnЈарецот не сака кратки авантури, туку долги врски. Тој не поднесува раскинувања и ќе даде сè од себе за да го задржи партнерот, а во случај да дојде до тоа, ќе го анализира секој свој чекор и ќе се обиде да открие каде погрешил.rnrnЈарецот може да му прости на партнерот дури и за измама.rn
11. Водолијата се губи толку многу што кажува сè и сешто
rnВодолијата е верна, но може да залута ако ѝ е здодевно во врската. Таа сака да биде главна и не толерира посесивност, но, сепак, не се справува најдобро со раскинувањето. Сè што треба да му каже на поранешниот партнер, Водолија им го кажува на пријателите и на семејството.rn
12. И кога тие сакаат да раскинат, Рибите ќе бидат тажни долго време
rnРибите влегуваат од една до друга врска многу брзо, но ако партнерот ги остави, чувствителните Риби нема да можат да се помират со тоа и ќе се потрудат да го разубедат.rnrnТагата, плачењето и болното сеќавање во осаменост се карактеристични за нивното раскинување.rnrnПрочитајте кои хороскопски знаци не остануваат многу долго во врска.