КАФЕ ПАУЗА

Физичка активност што ќе им се допадне и на најголемите мрзливци: Јога со пиво!

Физичка активност што ќе им се допадне и на најголемите мрзливци: Јога со пиво!

Само што ќе си помислиме дека сме виделе сѐ во светов, ќе се појави некој креативен човек со иновативни идеи што никогаш не би ни паднале на памет. Замислете си да вежбате јога додека истовремено пиете пиво!rnrnФизичка активност што ќе им се допадне и на најголемите мрзливци: Јога со пиво!rnrnОваа физичка активност не е популарна само во Германија, туку и во Австралија, а се надеваме дека ќе пристигне и во другите земји ширум светот. Вистинско изненадување е тоа што најновите фитнес трендови споија две навидум неспојливи активности како што се пиењето алкохол и спортувањето, односно вежбањето јога.rnrnМожеби ви звучи невозможно, но ако размислите подобро, ќе сфатите дека овие две активности совршено се надополнуваат. Сите знаеме колку опушта чашата ладно пиво по напорниот работен ден. Сега искомбинирајте го тоа со смирувачка вежба како што е јогата. Моќта на пивото и ефектот на јогата одлично соработуваат и несомнено можат да доведат до блажена хармонија.rnrnФизичка активност што ќе им се допадне и на најголемите мрзливци: Јога со пиво!rnrnЗа време на часовите, учесниците прават традиционални јога вежби додека одржуваат рамнотежа со полни шишиња пиво поставени на различни делови од телото, а истовремено и пијат од нив. Со оглед на тоа што пиењето пиво и вежбањето јога се терапии кои му се познати на човекот уште од дамнешни времиња, овој најнов тренд само ги соединува двете активности во едно со цел да пружи посебно искуство.rnrnФизичка активност што ќе им се допадне и на најголемите мрзливци: Јога со пиво!rnrnНе се знае со сигурност кој прв ја измислил јогата со пиво, но таа за прв пат била претставена во јавноста за време на годишниот културен собир во САД пред неколку години. Наскоро, овој тренд се проширил насекаде во светот поради што значително се зголемил бројот на инструктори кои професионално се занимаваат со ваков тип јога. За кратко време, јогата со пиво стана многу популарна во Европа, Австралија и Азија, особено во Тајланд.rnrnФизичка активност што ќе им се допадне и на најголемите мрзливци: Јога со пиво!rnrnЕдна од професионалните инструкторки, Јула, која подоцна го развила целиот концепт во Германија и е сопственик на една од најголемите сали за вежбање јога со пиво, тврди дека активноста звучи многу забавно, но станува збор за нешто многу повеќе од тоа.rnrnСпоред неа, луѓето кои се под благо дејство на алкохол, особено пиво, можат подобро да ги достигнат нивоата на свесност што јогата ни помага да ги откриеме. Оние кои пробале, ја препорачуваат јогата со пиво за љубителите на јога кои се многу срамежливи и не можат да се опуштат толку лесно. Пивото го забрзува процесот на ослободување од стресот, им помага на луѓето да заборават на секојдневните проблеми и побрзо ги смирува.rnrnФизичка активност што ќе им се допадне и на најголемите мрзливци: Јога со пиво!rnrnДоколку сте љубители на пивото и јогата и отворени сте за нови искуства, дефинитивно треба да ја пробате оваа активност. Со оглед на тоа што во нашата земја сѐ уште нема вакви студија, можете да пуштите видеа на Јутјуб кои ќе ве запознаат со сите нивоа на вежби. Станува збор за посебно искуство за кое нема да се покаете.rnrnПогледнете го и видеото за да добиете претстава како изгледаат јога вежбите со пиво…rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=XC1-2V5NZJornrnДоколку не сте љубители на пивото и оваа активност не ве привлекува, погледнете ги следниве 8 лесни јога вежби за истегнување на целото тело.