Овие 5 јадења се највкусни кога ги готвите со путер, но има и оброци што путерот може да ги уништи

Сподели

Путерот им е омилен намаз на многумина, а исто така и дел од состојките потребни за колачи и за печива. Богатиот вкус што им го дава на некои јадења е незаменлив. Сепак, во некои рецепти не го дава посакуваниот вкус. Поради тоа, откријте кога треба да користите путер, а кога не.

Реклама

rn

1. Колачи

rnПутерот е секогаш одличен избор кога подготвувате колачи. Неговиот вкус дава чувство на богат и раскошен десерт. Десертите направени со маргарин имаат полесна текстура заради поголемиот удел на водата, а и вкусот е различен.rn

2. Сосови

rnФранцуската кујна подразбира вметнување парче ладен путер во сосот или во супата на крајот на готвењето. На тој начин, јадењето ќе има богат вкус и сето тоа со минимален напор.

Ставете путер и кога правите сос од домати. Иако на почетокот не изгледа дека двете состојки одат заедно, резултатот е божествен.rn

3. Лиснато тесто

rnЗа совршеното лиснато тесто треба да му се заблагодарите на путерот.

Путерот се состои претежно од маснотии, но има и малку вода.

Ако е ладен кога ќе го ставите во рерната, водата брзо ќе произведе пареа што ќе остане заробена во тестото, а тоа ќе резултира со меки кроасани или колачи.

Лиснатото тесто мора да се излади пред печење.rn

4. Крем за украсување торта

rnКремот за украсување е направен од путер и е готов за само 10 минути.

Потребни состојки:rn

    rn 011

  • 125 грама мек путер (не растопен)
  • rn 011

  • 200 грама шеќер во прав
  • rn 011

  • 3 лажици млеко
  • rn

rnНачин на подготовка:

Измешајте ги путерот и шеќерот, а потоа додајте го млекото и мешајте уште малку.rn

5. Кафеав сос

rnЗагрејте го путерот во тава на средна температура додека не добие светлокафена боја.

Со овој сос можете да ги прелиете равиолите или варениот зеленчук, а ако го пржите со презла, ќе добиете уште побогат додаток што можете да го употребувате со зеленчук зготвен на пареа, на пример брокула. Путерот подготвен на овој начин лесно може да се додаде во кој било рецепт што вклучува путер.

Овие јадења во никој случај не треба да ги готвите со путер:rn

1. Пржено месо

rnСекој вид мрснотија на одредена температура почнува да гори. Во овој случај, температурата на путерот е релативно ниска, па затоа е подобро да користите некои други мрснотии ако печете месо, стек или пилешки гради.rn

2. Тортиљи

rnАко сами ги печете тортиљите, треба да имате свинска маст во фрижидерот.

Ако ги готвите со путер, водата што ја содржи ќе расипе сè. Маста има совршена конзистентност и неутрален вкус, па тортиљите ќе бидат совршени.rn

3. Печен компир

rnНе печете компири во путер бидејќи тие ќе бидат недопечени, без цврста кора.

Маслото е добра опција во овој случај бидејќи ги прави компирите крцкави.

Прочитајте кои 9 намирници треба да ги јадете за време на постот за јак имунитет.

Популарно

Може ќе ве интересира