КАФЕ ПАУЗА

9 намирници што треба да ги јадете за време на постот за јак имунитет

9 намирници што треба да ги јадете за време на постот за јак имунитет

Бидејќи сезоната на вируси е во тек, можеби постењето ќе ви дојде добро затоа што јадењето месо дополнително ја зголемува телесната температура. За време на постот, јадете овошје и зеленчук – храна богата со витамини и минерали, кои се клучни за јак имунитет. Иако изборот на храна е помал за време на постот, тоа не е лошо за вашето здравје затоа што тогаш не внесувате преработена храна, месни производи, производи полни со шеќер и сл.rnrn9 намирници што треба да ги јадете за време на постот за јак имунитетrnrnЕве што треба да јадете за време на постот за јак имунитет:rnrn1. Лукот е природен борец против патогените бактерии, габите и вирусите. Покрај тоа, тој е богат со витамини и минерали, особено со витамин Ц и селен.rnrn2. Фолната киселина, која се препорачува за бремени жени, исто така треба да биде дел од вашата секојдневна исхрана затоа што таа е одговорна за црвените крвни зрнца и за „бришење“ на грешките во ДНК-низата што се јавуваат при заболувања и при нездрав начин на живот. Фолната киселина на природен и на безболен начин ги лечи последниците предизвикани од астма и од автоимуни заболувања. Фолната киселина може ја има во портокалите, во житарките и во зелениот зеленчук.rnrn3. Цинкот е одговорен за отпорноста на телото на вируси. Овој клучен минерал можете да го најдете во семките од тиква и во други видови семки.rnrn4. Копривата, какаото, цвеклото и леблебијата изобилуваат со железо. Леблебијата содржи двојно повеќе железо од истата количина месо. Какаото е богато и со магнезиум, па ако имате желба за чоколадо, вашето тело всушност може да бара магнезиум, кој е одговорен за опуштање на мускулите и на нервниот систем.rnrn5. Сусамот содржи повеќе калциум од млечните производи и се користи во лекувањето на кршливите коски. Меѓутоа, телото може да го искористи само мелениот сусам (истото важи и за лененото семе), бидејќи обвивката на семето не дозволува да се апсорбираат хранливите материи од внатрешноста на семето. Сусамот содржи и салицилати, па ако имате аспиринска астма треба да бидете внимателни. Исто така, треба да бидат внимателни и оние кои имаат заболувања на бубрезите, како што е каменот во бубрезите. Зголемената употреба на сусам може да резултира во дијареја, но умерената употреба значително го подобрува крвотокот, бидејќи сусамот покрај калциум, содржи многу железо, витамин Е и други витамини и минерали. Некои супстанции кои влегуваат во неговиот состав може да ви предизвикаат проблеми, така што во тој случај може да пробате со препечен сусам, но така се губи витаминот Е.rnrn6. Ориганото е добар сојузник во борбата против вирусните инфекции кои влијаат на респираторниот систем.rnrn7. Циметот ги намалува воспаленијата.rnrn8. Медот им помага на горните и на долните респираторни органи. Истото важи и за другите пчелни производи.rnrn9. Чајот од ѓумбир го зајакнува имунитетот, но во големи количини може да предизвика крварење, па затоа не треба да се претерува.rn

Дополнителни совети

rnВитамините А, Ц и Е се термолабилни, т.е. чувствителни на топлина, па не гответе ги намирниците што ги содржат овие витамини. Ако пиете витамин Ц во форма на таблети, не пијте го со топли пијалаци.rnrnПрироден извор на витамин Б се житарките од цели зрна, особено овес. Овесната каша е богата и со фолна киселина. Но, не купувајте подготвена овесна каша, која е преполна со шеќери со адитиви, туку подобро е сами да ја направите од овесни снегулки.rnrnПогледнете како да го направите ова кокосово кафе со само 3 состојки – совршено за велигденските пости.