Моментите што ги поминувате заедно со вашиот партнер се добри за емоционалното, за духовното, за физичкото и за менталното здравје. Но, одредени настани може да предизвикаат вознемиреност и да ве натераат да се чувствувате нервозно. Треба да знаете дека не постои врска што трае долго без да наиде на пречки на патот. Погледнете ја сликата и тоа што прво ќе го забележите ќе ви открие што потсвесно ви предизвикува вознемиреност во романтичните врски. Ваквата корисна информација може да ви помогне полесно да се справите со проблемите следниот пат кога ќе наидете на пречки во вашиот љубовен живот.rnrn
rn
1. Човек со наметка
rnАко прво го забележавте човекот што носи наметка, тајната причина за вашата вознемиреност во врските е тоа што некој друг го знае вашиот автентичен карактер.rnrnСонувате да создадете моќна врска со таа личност, а истовремено сте преплашени од тоа колку ранливи би можеле да бидете доколку се остварат вашите соништа. Вие многу добро знаете дека за да имате долготрајна врска, треба да ѝ дозволите на таа личност да открие кои сте навистина, но тоа може да биде застрашувачка работа.rnrnВашите стравови не треба да ве спречуваат да најдете љубов што ќе трае вечно. Природниот начин на кој треба да пристапите во животот е целосно да ја контролирате одбранбената зона, да им дозволите на луѓето да ве запознаат и да се приспособите на работите.rn
2. Лице
rnАко прво го забележавте лицето кога ја погледнавте оваа слика, тајната причина за вознемиреноста во врските е стравот од очекувањето да ги земете предвид потребите на партнерот пред вашите.rnrnОва не значи дека сте себична личност, туку дека не уживате во тоа што не можете да ги правите работите што сакате да го правите, кога што сакате и како што сакате.rnrnМеѓутоа, ако за вас е важно да бидете во врска со некого, ќе треба да вложите труд за развој на вашата емоционална интелигенција и за созревање. Грижата за себе е важна, но можете да го сторите тоа, истовремено земајќи ги предвид и потребите на партнерот.rn
3. Дрво
rnАко прво го видовте дрвото, тајната причина за вознемиреноста во врските е тоа што можеби нема да имате доволно време за себе.rnrnКога немате време за себе, станувате сосема друга, ужасна личност. Постојано се прашувате дали треба да бидете заедно со партнерот цело време за врската да биде успешна.rnrnАко се вљубите во некој што ве разбира и што навистина сака да биде со вас, тој ќе ја разбере вашата потреба да бидете сами. Не дозволувајте „што ако“ да ве спречи да имате љубовна романса што може да трае долго време.rn
4. Месечина
rnАко прво ја видовте Месечината, тајната причина за вознемиреноста во врските е стравот од скршено срце.rnrnЗа некои луѓе, почетокот на врската е надеж, но, за вас, почетокот на врската ве исполнува со грижи бидејќи постојано размислувате колку ќе бидете повредени кога раскинувањето ќе биде неизбежно. Очајно сакате да сакате и да бидете сакани, но тешко верувате во среќен крај.rnrnНе дозволувајте загриженоста за она што можеби ќе се случи да ве спречи да ја барате љубовта што ја заслужувате. Сите приказни имаат почеток, средина и крај, но тоа не значи дека не вреди да се раскажуваат. Време е да започнете да уживате.rnrn[message_box title=”Изберете слика за да добиете совет што ќе ви помогне во кризните периоди.” color=”yellow”]
[/message_box]
