Предизвиците постојат за да ви помогнат да созреете и зад секој предизвик се крие светлина што чека да ви се открие. Што можете да сторите кога станува збор за животните предизвици? Изберете една карта за да откриете што ќе ви помогне за време на стресните периоди.rnrn
rn
1. Детоксикација на умот, на телото и на духот
rnНе постои 100% сигурен начин кој ќе ја заштити вашата аура за да ја одржувате чиста и исполнета со добра енергија, па затоа духовната хигиена е многу важна.rnrnДуховната хигиена може да се состои од следниве активности: бања со епсом соли, плачење, елиминирање на нездравата исхрана или зголемување на внесот на вода.rnrnКога ќе ги елиминирате нездравото размислување, емоциите и тешката енергија од умот, од телото и од духот, ќе создадете енергични и физички здрави граници. Животот продолжува и затоа постојаноста е неопходна за добра духовна хигиена.rn
2. Поминете време во природа
rnВремето поминато со мајката природа е природен ублажувач на стресот. Без разлика дали одите на прошетка на сонце, на снег, на дожд или само седите во паркот, вие автоматски се одвојувате од метежот и од вревата во животот.rnrnПриродните елементи веднаш ќе ви помогнат да се вратите на основата, да се фокусирате и да се приземјите. Времето поминато во природа е она што ѝ е потребно на вашата душа за подобро да се справите со стресот.rn
3. Креативност
rnПонекогаш го оддалечувате вашиот фокус од предизвиците со помош на вашите уметнички и креативни дарби преку активности како што се: танцување, пишување, сликање, пеење, градинарство или свирење на некој музички инструмент, а тоа отвора простор да се справите со стресните ситуации во вашиот живот.rnrnМногу луѓе веднаш преминуваат во медитативна состојба додека се занимаваат со креативни активности. Време е да ѝ се посветите на вашата креативна и самостојна работа и да се занимавате со активностите што ги сакате.rnrnОбидете се да ги решите овие загатки и тестирајте ја вашата интелигенција.