5 начини на кои љубовта кон себе ќе ви помогне да го преболите раскинувањето

Сподели

Дали секое утро се будите тажни поради врската која ве оставила уништени? Дали барате начин како да го заборавите бившиот покажувајќи си љубов кон себе? Најдобриот начин да ја преболите неуспешната врска е да почнете целосно да се сакате себеси. Доколку не знаете како да го направите тоа, следниве совети ќе ви помогнат.

Реклама

rn

1. Правете нешта што прават да се чувствувате добро

rnКога ви е скршено срцето и кога мислите дека ви завршил животот, најдоброто нешто што можете да го направите е да се грижите за себе. Вашите тело и ум можеби се скршени, но со малку нега можете да бидете подобро. Па, најдете нешто што ќе направи да се чувствувате добро и правете го тоа. Можете да одите на масажа, на фризер, да излезете со пријателите… Што било што ќе направи да заборавите на вашето скршено срце.rn

2. Направете нешто добро

rnОткако ќе раскинете ќе останете со многу слободно време, па зошто да не го искористите за нешто добро? Волонтирањето е одлично поради две причини. Прво ќе ви ги исполни слободните часови и ќе ви ги тргне мислите од бившиот партнер. Покрај тоа, ќе имате можност да му помогнете на некој што има потреба од помош. Ќе запознаете многу луѓе, ќе слушнете многу приказни и на крајот од денот навистина ќе се чувствувате подобро.

Важен дел од љубовта кон себе е и грижата за другите. Ако имате можност да му помогнете на некој, направете го тоа.rn

3. Поминувајте време со оние коишто ве сакаат

rnКога ви е скршено срцето и кога се чувствувате осамено, еден од најдобрите лекови е поминување време со саканите. Овие луѓе ќе ве посетат зошто треба да се сакате себеси. Тие ќе ви ја покажат личноста којашто сте биле и пред да ја започнете врската со бившиот. Ќе ви помогнат да сфатите дека сте вредни и дека бившиот партнер сепак не ве заслужувал.

Па, доколку го преболувате раскинувањето, поврзете се со семејството и со пријателите. Тие ве сакаат за личноста којашто сте, а во овие моменти ви е потребно да се потсетите на тоа.rn

4. Постигнете нешто

rnДоколку одамна сте сакале да направите нешто, но поради некоја причина сте го одложувале тоа, сега е совршеното време. Без разлика дали сте сакале да почнете некој проект, да се запишете на некој курс или да основате ваш бизнис, сега навистина имате време за тоа. Не значи дека ќе биде лесно, но кога ќе го постигнете посакуваното ќе се чувствувате одлично, а можеби и во процесот целосно ќе го заборавите бившиот партнер.

Доколку не можете да ја преболите врската, време е за промена. Станете личноста којашто отсекогаш сте сакале да бидете и почнете да го правите она што отсекогаш сте сакале да го правите.rn

5. Направете листа со нешта што можете да ги понудите

rnСите луѓе имаат листа со карактеристики што би ги сакале кај нивниот партнер. Но зошто да не направите листа со вашите квалитети и карактеристики што би го направиле идниот партнер среќен? Можеби сте добри пријатели, добри родители, интелигентни, забавни, успешни… Запишете ги сите добри нешта за вас и закачете ја листата на видно место. На овој начин секојдневно ќе се потсетувате дека вредите и дека заслужувате да се сакате себеси и нема да ја изгубите надежта за љубов во иднина.

Навистина е лесно да се фокусирате на вашите недостатоци откако сте биле одбиени, но не правете го ова. Грижете се за себе, грижете се за другите, минувајте време со луѓето што ги сакате и постигнете нешто. Иако раскинувања не се лесни, љубовта кон себе ќе ви помогне многу побрзо да го преболите целиот настан.

Дознајте и што не смеете да правите по прекинување на врската.

Популарно

Може ќе ве интересира