Идеална шминка за дами со зелени очи: Правила што не треба да ги прекршувате!

Идеална шминка за дами со зелени очи: Правила што не треба да ги прекршувате!

Оваа боја на очите е најретка во светот и ја има само 2% од популацијата. Ако имате привилегија очите да ви се зелени, тогаш заслужувате тие да бидат истакнати на вистински начин.

Зелените очи можат да бидат во најразлични нијанси, од смарагдно зелена до зеленикаво-кафеава и жолто-зелена боја. Правилната шминка на зелените очи може целосно да ја открие нивната необична нијанса, фокусирајќи се на најдобрите тонови.

Идеална шминка за дами со зелени очи: Правила што не треба да ги прекршувате!

Жените со зелени очи треба да ги следат овие правила:

Не користете премногу светла и сенка со светки, или премногу интензивни бои и комбинации. Зелената боја е доволно привлечна само по себе, па шминкањето со интензивни бои може да изгледа несоодветно.

Најдобар „пријател“ ќе ви бидат мат нијансите, но никако не користете зелени тонови.

За девојките со зелени очи, изборот на црн креон или „ајлајнер“ не е најидеалната опција. Наместо црн, користете креон во нијанса на чоколадо, златен или со сива боја која нема сребрен сјај. Ако сакате вашите очи да бидат уште поизразени, додајте бел креон, нанесувајќи го на внатрешните агли од очите.

Вашето лице ќе изгледа најдобро со минимална шминка во топлите нијанси на кафеавата или виолетовата боја.

Самата зелена боја на очите е доволно убава и привлечна, па може да добиете спротивен ефект ако користите нападна или несоодветна шминка.

Можеби сакате да прочитате и што открива шминката за вашиот карактер?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар