Диетата на една руска балерина за совршен струк: 5 килограми помалку за 7 дена
Благодарение на вистинскиот избор на намирници, балерината Ана Михалкова има совршена линија. Таа во неколку наврати се бореше со вишокот килограми, често применувајќи ригорозни диети, а тие оставија белег на нејзиното здравје. Додека таа не одлучи да се сврти кон здравиот начин на исхрана, нејзината тежина варираше. Веќе 10 години се придржува до овој принцип и нема проблем со вишокот килограми.
Таа најчесто појадува овесна каша со малку овошје и чаша зелен чај или сирење и јајца. За ручек и вечера, на менито има храна богата со протеини. Вечерата се состои од овошје и зеленчук.
Во оброците вклучува нискокалорично месо како пилешко и мисиркино и риба. По 8 часот не вечера, но ако чувствува неподнослив глад, пие чаша кефир со малку ленено семе.
Иако генерално се храни здраво, таа не се откажува целосно од помалку здравата храна. Еднаш или двапати неделно, јаде парче торта или чоколадо. Балансот е клучот за нејзината витка линија.
Ако случајно ја зголеми тежината, веднаш започнува со оваа диета. Диетата трае 7 дена и во тој период може да изгубите 4-5 килограми.
Неделно мени:
Прв ден
Првиот ден ви е дозволено неограничено да јадете секаков вид зеленчук: печен, свеж, варен. Оброците треба да бидат подготвени без масло, сол и зачини и важно е да пиете многу вода.
Втор ден
Следниот ден на менито имате месо. Се препорачува пилешко или мисиркино. Вкупно 800 грама месо поделено во еднакви порции во текот на денот.
Трет ден
Во текот на овој ден е дозволено околу 1 килограм овошје и 400 милилитри кефир или јогурт.
Четврт ден
Овој ден се јаде само супа во неограничени количини. Во текот на овој ден ќе се направи целосен детокс на телото.
Петти ден
Распределете 800 грама риба во 3 порции и јадете зелена салата или зелка во неограничени количини.
Шести ден
Ден за каша од овес, леќа или ориз. Не јадете повеќе од 700 грама производи дневно.
Седми ден
На менито имате зеленчук во неограничени количини.
Се препорачува лесна физичка активност за време на овој период за да ви помогне во забрзување на метаболизмот и во согорувањето на калориите.
Погледнете ја оваа мала диета со јогурт со која ќе изгубите 2 килограми за 3 дена.