Многу истражувања потврдија дека тепањето на децата е лошо за нив, а сега се покажа дека и викањето не е најдобриот начин за воспитување. Американската академија за педијатрија тврди дека тоа го зголемува стресот кај децата и доведува до промени во структурата на нивниот мозок и ништо добро не се постигнува со тоа. Имено, викањето може да ги предизвика токму оние однесувања што се обидувате да ги спречите. Поради тоа, експертите издвоија четири работи до кои треба да се придржувате и со кои треба да го замените викањето ако сакате да го одгледате вашето дете на најдобар начин.rnrn
rn
1. Треба да ја знаете разликата помеѓу викањето во лутина и викањето заради заштита
rnЛутината е емоција чија цел е да го промени однесувањето. Понекогаш викате за да го заштитите детето и тоа е друг вид викање, односно тоа е аларм. Во тој случај, вие го повишувате тонот за да го предупредите детето за опасноста, како на пример при преминување на улица или кога се обидува да допре нешто жешко. Ваша работа е да го заштитите, а викањето понекогаш може да биде корисно во таков случај.rn
2. Кога ќе почувствувате потреба да викате, удрете се по челото
rnРационалниот дел од мозокот се наоѓа во предниот дел на главата каде што е челото и е одговорен за донесувањето одлуки, па удрете се по челото секогаш кога ќе се налутите или само ставете ја раката на него. Вдишете длабоко неколкупати и запрашајте се „Што навистина сакам да направам?“ или „Зошто се лутам?“, па ќе можете да дојдете до поразумно решение.rn
3. Користете го вашиот „глас на наставник“
rnТоа што не им викате на вашите деца не мора да значи дека треба да им дозволите да прават нешто што не го одобрувате. Треба да ги критикувате, но смирено и строго. Ако реагирате насилно и бурно и вашето дете ќе реагира насилно и бурно и повеќе ќе мисли на вашиот гнев отколку на својата грешка, а на овој начин ќе му покажете дека сте авторитетни. Обратете му се со тон со којшто би му се обратил наставникот во училницата и ќе видите дека ќе го постигнете посакуваниот ефект.rn
4. Тоа што постојано ги повторувате истите работи не значи дека сте погрешиле како родител
rnТоа значи дека вие само си ја работите својата работа. Родителите се должни на сите начини да влијаат на децата чии вредносни системи не се целосно формирани до дваесеттата година. Некои работи треба да им се повторуваат безброј пати додека не разберат зошто се важни.rnrnСепак, и ако викнете понекогаш, не обвинувајте се себеси. Тоа им се случува на сите. Добро е децата понекогаш да слушнат повисок тон затоа што со него често ќе се среќаваат во животот. Ќе им викаат врсниците, тренерот, шефот и многу други луѓе, па затоа треба да бидат подготвени за оваа форма на критика.rnrnАко се чувствувате лошо поради начинот на кој се однесувавте со своето дете, извинете се и објаснете му на поубав начин зошто сте реагирале така и каква грешка направило детето. Така ќе изградите посилна врска со него и тоа ќе ве слуша повеќе затоа што ќе знае дека го почитувате како личност.rnrnПрочитајте кои активности ќе ви помогнат да се поврзете со вашите деца подобро и посилно.