Торта „Арапска бајка“: совршен кремаст десерт

Торта „Арапска бајка“: совршен кремаст десерт

Оваа торта е совршено задоволство кое може да се украси на два начина. Може да ја декорирате со чоколадна глазура и сецкани ореви или со шлаг-крем и мелени ореви… Изборот е само ваш!

Торта „Арапска бајка“: совршен кремаст десерт

Потребни состојки:

За кора:

  • 2 јајца
  • 150 г шеќер
  • 150 г маргарин
  • 4 лажици какао
  • 250 г брашно
  • кесичка прашок за пециво

За фил:

  • 1 лимон
  • 200 мл млеко
  • 5 лажици пченичен гриз
  • 150 г маргарин
  • 200 г шеќер

За декорација:

  • 100 г чоколадо
  • 100 г сецкани ореви
  • 40 г маргарин
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица масло
  • 6 лажици млеко

Начин на подготовка:

  1. За да ја направите кората, изматете ги јајцата и шеќерот во длабок сад , додадете го какаото и повторно промешајте.
  2. Во друг сад, измешајте ги брашното и прашокот за пециво, па додадете го маргаринот кој претходно сте го изрендале и месете со рацете.
  3. Додајте го во смесата со јајцата и соединете.
  4. Тестото поделете го на 3 делови, направете 3 кори во форма на круг и испечете ги на 180° околу 15 минути.
  5. За да го направите филот, млекото и шеќерот варете ги на тивок оган со постепено мешање.
  6. Откако ќе зоврие, намалете ја температурата на готвење и додајте го гризот и постојано мешајте додека смесата не се згусне.
  7. Изматете го маргаринот со сокот од лимон, па соединете со гризот. Смесата матете ја со миксер. Премачкајте ги корите со фил и наредете ги една врз друга.
  8. На крај декорирајте ја тортата.
  9. Чоколадото и какаото стопете ги со маргаринот, млекото и маслото и кога смесата ќе се излади прелијте ја преку тортата.
  10. Тортата можете да ја декорирате и со тенок слој шлаг-крем и да ја посипете со мелени ореви.

Можеби сакате да го дознаете и овој незаборавен десерт од детството: Меки вафли со цимет.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар