КАФЕ ПАУЗА

7 причини зошто секое утро да пиете сок од моркови

7 причини зошто секое утро да пиете сок од моркови

Во морето „модерни“ прехранбени продукти и додатоци во исхраната, забораваме на најосновната храна што би требало да ја имаме дома. Една од овие намирници е и морковот. Погледнете кое е неговото позитивно влијание на нашето здравје и тело.rnrn7 причини зошто секое утро да пиете сок од морковиrn

1. Го зајакнува имунитетот

rnОва е особено важно во сезоната на вируси. Покрај здравата исхрана, спиењето и физичката активност, добро е да пиете и по една чаша сок од моркови на ден во кој има многу витамин Ц.rn

2. Го подобрува видот

rnРечиси сите знаат дека ова е вистина. Витаминот А што се наоѓа во морковот не само што е моќен антиоксиданс, туку е и важен за нашите очи. Недостатокот од овој витамин може да предизвика ноќно слепило.rn

3. Помага да не консумирате нездрава храна

rnКога ви се јаде нешто (најчесто од здодевност), често барате слатки или чипс. Но ако наместо тоа се напиете сок од моркови, ќе се чувствувате сити, и тоа подолго време. Во една чаша сок има повеќе од 2 грама протеини и хранливи влакна, така што ова е одлична ужина.rn

4. Ја подобрува состојбата на кожата

rnБлагодарение на витамините А и Ц, кожата брзо зараснува, лачи повеќе колаген, а нејзините клетки стануваат поздрави.rn

5. Помага во контрола на крвниот притисок

rnАко имате проблеми со висок притисок, сокот од морков сигурно ќе ви помогне. Калиумот го намалува негативниот ефект на солта и го држи притисокот под контрола. Исто така калиумот е добар и за вашето срце.rn

6. Помага при проблеми со стомакот

rnСокот од моркови ги намалува гасовите во стомакот и го поттикнува варењето на храната.rn

7. Го намалува холестеролот

rnПокрај притисокот, сокот од морков го контролира и холестеролот. Ова е одлично за здравјето на целото тело.rnrnВо сокот можете да додадете житарици и така да направите цел оброк за многу кратко време. Доколку пак, не ви се допаѓа сокот од морков, можете да го консумирате и како цел плод.rnrnПогледнете и кои видови „лоша“ храна се всушност добри за вас.