Никој не е толку гладен за да се здебели 20 или 30 кг. Зголемувањето на килограмите ќе престане тогаш кога ќе се откријат и отстранат вистинските причини за неконтролирано внесување храна, вели Верица Ѓокиќ, нутриционист, која се занимава со исхраната на малку поинаков начин.rnrn
rnrnЛуѓето можеме да ги поделиме во две групи: прва, оние кои „јадат“ сè, немаат апетит и се многу слаби; и втора, оние кои навидум не се нервираат, дури и изгледаат весело, но затоа храната станува нивна утеха затоа што секој ден премолчуваат работи кои треба да бидат кажани.rn
Зборот е моќно оружје
rnНутриционистката Верица Ѓокиќ вели дека во нејзиното работење честопати се случува луѓето да не сакаат да прифатат дека нивните проблеми со прекумерната тежина се психолошки.rnrnЗа нив не постои режим на исхрана што може да ги доведе до посакуваната тежина. Таа раскажува дека имала клиентка која дошла со 20 кг прекумерна тежина и ѝ кажала дека не се согласува со шефот и дека секогаш кога ќе се врати дома, размислувала за тоа што требало да каже и како да се обдрани. Секој ден, додека правела можни сценарија за тој разговор, ја јадела подготвената порција за ручек, но како да не ручала. Па, ќе го отворела фрижидерот и продолжувала да јаде – вели нутриционистот, истакнувајќи дека поминале неколку месеци во обид да се држи до препорачаниот начин на исхрана, пред жената да ѝ се довери.rnrnПо разговорот дошле до заклучок дека зборовите се начин преку кој го дефинираме нашиот однос со околината. Зборот е моќно оружје кое му е дадено само на човекот а, кога зборот отсуствува, лесно се заменува со храна.rnrnОва не е случајно. За џвакање, како и за говор, значајни се движењата на устата. Храната, исто како и информациите од околината, доаѓа однадвор и влегува во нас. Онака како што ги „вариме“ надворешните влијанија, така ја вариме и храната во нашиот организам.rn
Зголемете ја вашата самодоверба
rnАгресивните луѓе имаат вишок секрет во дигестивниот систем и страдаат од чир, ерозивен гастритис и бавен метаболизам, мрзливи црева, гасови и задржување на водата. Решението е да се отстранат причините кои го предизвикуваат тоа – вели нутриционистот, истакнувајќи дека понекогаш е потребно да се побара стручна помош од психолог или психотерапевт.rnrnПсихолозите велат дека во вакви ситуации треба да му објаснат на клиентот дека тој или таа нема да бидат помалку сакани или прифатени ако го кажат она што го мислат. Некому е потребно само да му се даде поддршка и да му се зголеми самодовербата, затоа што е свесен за тоа што е основната причина за проблемот.rnrnТаквите луѓе отворено разговараат за проблемите. Секој човек е различен и секој проблем е различен. Затоа работата на намалувањето килограми започнува со отворен разговор. Во едно сме сигурни, никој не бил толку гладен за да јаде и изеде толку храна за да добие 30 кг повеќе – вели нутриционистот.rnrnСпоред неа, сè додека не ги решиме причините, килограмите ќе продолжат да се зголемуваат, затоа што тие се порака од нашето тело дека не се чувствуваме доволно добро во сопствената кожа.rnrnМожеби сакате да ги прочитатe и 16-те опасности од кето диетата за кои треба да знаете.