9 неочекувани знаци што покажуваат дека бракот нема да трае долго
Сите луѓе сакаат љубовта да им трае цел живот, но практиката покажува дека ваквото сценарио е многу ретко. Во Европа, во последните 50 години, луѓето се разведуваат 2,5 повеќе и стапуваат во брак 2 пати помалку во споредба со порано. Сепак, некои истражувања може да ви помогнат да предвидите дали бракот ќе заврши со развод.
1. Бројот на насмевки на фотографиите од детството
Психолозите спровеле серија тестови за да се обидат да откријат дали е можно да се предвиди развод со помош на фотографиите од детството. Во едно истражување, научниците разгледувале слики од алманах и го оцениле интензитетот на насмевките на скала од 1 до 10. Оценувањето се засновало на истегнувањето на 2 мускули: едниот ја затегнувал устата, а другиот создавал брчки околу очите.
Ниту еден од оние чии насмевки беа оценети со 10 не е разведен. Истовремено, секоја четврта личност што била намуртена подоцна се развела. Резултатите покажуваат дека луѓето кои се намуртени на фотографиите, се разведуваат петпати почесто од оние што се насмевнуваат.
2. Емотивниот тон на гласот
Компјутерскиот алгоритам може да го предвиди успехот на бракот, со точност од 79%, користејќи го само тонот на гласовите на сопружниците додека комуницираат еден со друг. Научниците ги анализирале разговорите на повеќе од 100 парови, а потоа го следеле нивниот брачен статус цели 5 години.
Интензитетот, јачината и треперењето на гласот може да укажуваат на силни емоции. Иако мислите дека тоа не е единствената работа што е важна за успешен брак, истражувањето, сепак, потврдува дека и ова е многу важно.
3. Колеги од спротивниот пол
Според данските истражувачи, луѓето кои работат опкружени со припадници на спротивниот пол се разведуваат за 15% повеќе. Истражувањето на оваа тема било направено во поголеми размери и биле проучувани парови што се венчале во периодот од 1981 до 2002 година во Данска. Истражувачите откриле дека 100.000 од нив се развеле.
4. Однесувањето на мајката
Истражувањата покажуваат дека жените се тие што почесто бараат развод. Исто така, повеќето парови го копираат однесувањето на своите родители, особено на своите мајки. Социолозите го проучувале однесувањето на 7.000 луѓе и откриле дека ако мајката започнува нови врски многу често (без разлика дали станува збор за брак или не), нејзините деца најчесто се однесуваат исто.
5. Игнорирање на конфликтите
Истражувачите именуваат 4 знаци што укажуваат на непосреден развод: презир, позиција на жртва, критичари и игнорирање конфликти. Овие знаци на прв поглед изгледаат безопасно, но ваквото однесување е многу опасно за бракот. Замислете како е вие да сте подготвени за страшна дебата за некое прашање што ве вознемирува веќе подолго време, а вашиот партнер одеднаш да го прекине разговорот.
Сопружниците мислат дека ќе можат да успеат да го зачуваат мирот во бракот на ваков начин, но тоа не е точно. Иако дебатите и кавгите не се најдобриот дел од комуникацијата, сепак тие ќе ви помогнат да ги решите проблемите. Ако едниот партнер ги игнорира ваквите ситуации, сè повеќе фрустрации ќе останат нерешени.
6. Негативен став на сопругот кон пријателите на сопругата
Научниците ја анализирале врската на 373 парови во текот на 16 години. Резултатите откриваат дека 46% од паровите се развеле по 16 години во брак, а најчесто критиките на сопругот кон пријателите на својата сопруга уште во првата година од бракот предвидувале развод во иднина.
Според научниците, ова се должи на фактот дека односите меѓу жените и нивните пријатели, кои се карактеризираат со емоционална блискост и поддршка, траат подолго, додека машкото пријателство почесто зависи од заедничките интереси. Според тоа, на мажите им е полесно да го променат кругот на нивната комуникација, но потешко им е да ги прифатат пријателите на својата сопруга затоа што ги сметаат за нељубезни.
7. Интензивни романтични чувства на младоженците
Психологот Тед Хастон набљудувал 168 парови во период од 13 години. Според истражувањето, речиси 1/3 од младоженците што чувствувале преголема страст еден кон друг, се развеле во рок од 7 или повеќе години.
Ова се должи на фактот што паровите кои започнале врска со силни романтични чувства, поверојатно е да раскинат бидејќи за нив е многу тешко да го одржат интензитетот на тие чувства. Верувале или не, браковите што започнуваат со помала романса, обично траат подолго.
8. Сиромаштија и невработеност
Сосема е очигледно дека живеењето во тешки услови не е лесно. Врските во таквите семејства прекинуваат многу почесто отколку во финансиски стабилните семејства. Реалноста е дека повеќето разведени мажи имаат ниски приходи и многу малку трошат за благосостојбата на сопругата и на своите деца.
9. Тесен кревет
Сопружниците треба да спијат одделно или на многу широк кревет заради своето ментално и физичко здравје, за квалитетен сон и за здраво опкружување во семејството. Научниците кои ги проучуваат проблемите со спиењето откриле дека 30-40% од паровите спијат во различни кревети. Но, тоа е навистина добро затоа што неквалитетниот сон може да доведе до развод. Затоа, ако сакате да го одржите бракот, проверете дали спиете добро.
Прочитајте кои се 9-те научно докажани знаци дека вашиот брак ќе трае засекогаш.