КАФЕ ПАУЗА

Кои се идеалните вежби и спортови за вас според вашата крвна група?

Кои се идеалните вежби и спортови за вас според вашата крвна група?

Луѓето со крвна група АБ многу често доживуваат болки во мускулите и во зглобовите, особено по интензивни кардио вежби, така што лесната физичка активност е идеална за нив. Луѓето со 0 крвна група сакаат интензивно вежбање, а погледнете кои вежби се идеални за вашата крвна група.rnrnКои се идеалните вежби и спортови за вас според вашата крвна група?rn

Крвна група 0

rnВие веројатно сте спортска личност со силни раце и нозе. Вежбите со висок интензитет може да биде совршен избор за вас. Во споредба со другите крвни групи, вие сте најголемиот љубител на физичката активност и таа лесно станува ваша рутина – од тренинг во теретана до велосипедизам, пливање и трчање. Исто така, спортовите за коишто се потребни брзи движења, како што се фудбалот, кошарката, тенисот или хокејот, може да бидат идеални за вас.rnrnРедовното вежбање е нешто на коешто треба да внимавате бидејќи по природа имате послаб крвоток. Без интензивно вежбање, вашето тело не добива доволно хранливи материи и кислород, така што доколку не сте активни, може да се чувствувате мрзоволно и летаргично. Колку повеќе вежбате, толку позадоволно ќе биде вашето тело. Вие сте свесни за тоа и вежбите ги користите за бегство од емоциите – вежбањето ви е важно во борбата против стресот и вознемиреноста.rnrnИнаку, луѓето со оваа крвна група се склони кон промени во расположението и многу често стресно и тешко се справуваат со предизвиците во животот. За нив е најдобро да вежбаат наутро за да го започнат денот со повисоко ниво на хормонот на среќата, а со тоа да се намали нивото на кортизол (хормонот на стресот) во организмот.rnrnДодека вежбате, вашиот мозок ослободува ендорфин, адреналин, серотонин и допамин. Овие хемиски соединенија прават да се чувствувате подобро, посреќно и позитивно.rn

Крвна група А

rnВежбите со голем интензитет не се за вас. Наместо тоа, изберете вежби што ќе ви помогнат да се справите со стресот. Најидеални вежби за вас се оние што се релаксирачки и смирувачки затоа што е многу важно да постигнете хармонија помеѓу умот и телото. Вежбањето не е баш вашата силна страна и веројатно ќе се изморите многу побрзо од луѓето од која било друга крвна група.rnrnПешачете многу, барем 10.000 чекори на ден и изберете вежби со кои ќе ги активирате сите мускули. Редовното вежбање ќе придонесе за чудесни промени во организмот, вашиот метаболизам ќе се забрза, ќе бидете повеќе одморени, ќе имате подобра концентрација и ќе спиете подобро.rnrnЗа вас е важно да уживате во вежбањето, па погрижете се тоа да биде така. Бидете активни надвор на сонце и на свеж воздух колку што е можно почесто бидејќи тоа ќе ве направи порелаксирани и ќе имате повеќе енергија.rnrnИнаку, медитацијата, акупунктурата и масажата се одличен избор за луѓето од оваа крвна група.rn

Крвна група Б

rnНајдобрите вежби за вас се комбинација од вежби за сила и аеробни вежби. Кога станува збор за изборот на вежби, за вас се најдобри тимските спортови затоа што во нив се снаоѓате најдобро. За вас се добри и вежбите за релаксација како што се јогата или пилатесот.rnrnДодека вежбате, треба да водите сметка и за дишењето бидејќи треба да внесувате колку што е можно повеќе кислород во вашето тело за да го намалите нивото на стрес. Исто така, имајте на ум дека имате послаб имунолошки систем од другите крвни групи.rnrnИнаку, луѓето со крвна група Б се справуваат со стресот одлично затоа што се приспособуваат на новите ситуации, но може и да имаат покачено ниво на кортизол во организмот. Со редовното вежбање ќе го решите и тоа, но и ќе го зголемите нивото на ендорфин, што природно ја зголемува отпорноста на болка и го подобрува расположението.rn

Крвна група АБ

rnДали често чувствувате болка во мускулите и во зглобовите, особено по интензивни кардио вежби? Ако е така, изберете умерено вежбање како пешачење, планинарење, голф или танцување.rnrnИсто така, обично ги задржувате негативните емоции во себе, така што вежбите за релаксација како јогата и таи чи се исто така добри за вас бидејќи тие ќе го подобрат вашето расположение и нема да ги оптоварите мускулите и зглобовите. Комбинацијата од лесни аеробни и релаксирачки вежби е совршена за вас. На пример, правете аеробни вежби три дена во неделата и практикувајте јога или таи чи во останатите денови.rnrnВие, исто како и луѓето со крвна група Б, многу често сте под стрес, но знаете како да се справите со ваквите ситуации. Не заборавајте дека вежбањето игра клучна улога во борбата против негативните емоции и создава квалитетни врски помеѓу умот и телото. Вам ви е потребно секојдневно истегнување кое ќе ви помогне да ги намалите напнатоста и вознемиреноста.rnrnПогледнете како да се храните во точно определено време и како за еден месец да изгубите многу килограми.