Сезоната на грип е овде и време е да се подготвите за неа. Но дали знаете што всушност се случува со вашиот организам кога во него ќе влезе вирусот на грип? Во повеќето случаи, организмот се убива самиот додека се обидува да се излекува.rnrn
rn
„Умирањето од грип не е како од куршум или убод од црна вдовица. Самото присуство на грипот не е доволно за да ве убие. Инфективната болест секогаш е во сложена врска со домаќинот“, изјавил Амеш Адалија, инфектолог од здравствениот центар Џонс Хопкинс.
rnГолемата маса клетки предизвикува силна реакција на имунолошкиот систем кој пак почнува да испраќа бели крвни зрнца, или антитела, со цел да ја отстрани опасноста. Таканаречените Т-клетки, одбранбениот систем на нашиот имунитетот, го напаѓаат и го уништуваат ткивото заразено со вирусот. Особено го напаѓаат ткивото на органите за дишење бидејќи вирусот обично се задржува таму.rnrnКај повеќето здрави луѓе овој процес е ефикасен, така што организмот заздравува за неколку денови или недели.rnrnНо, понекогаш реакцијата на имунолошкиот систем е пресилна. На овој начин се уништува толку многу ткиво од белите дробови, што во крвта не доаѓа доволно кислород. Ова може да предизвика смрт.rnrnКако што истакнуваат лекарите, понекогаш силната и потенцијално смртоносна имунолошка реакција не е предизвикана од вирусот на грип, туку од секундарна инфекција која се појавила поради болеста.rnrnПогледнете и како да разликувате настинка од грип.