КАФЕ ПАУЗА

Како се заљубуваат хороскопските знаци?

Како се заљубуваат хороскопските знаци?

На Овенот му е потребен само еден поглед, Скорпија се чувствува како да е погодена од гром, а ништо не може да го привлече окото на Лавот. Во продолжение прочитајте како се заљубува секој хороскопски знак.rnrnКако се заљубуваат хороскопските знаци?rn

Овен

rnОвен се заљубува на прв поглед. Потребен му е само еден момент за да открие дали тој сака некого или не. Припадниците на овој хороскопски знак не размислуваат за тоа која е таа личност, дали е добра или не, дали е социјално прифатлива, богата или сиромашна.rnrnОвенот не размислува за работите за коишто размислуваат останатите хороскопски знаци. Тој реагира на страста и на импулсот.rn

Бик

rnСетилата на Бикот проработуваат веднаш, односно се будат кога ќе се сретнат со личноста што би можеле да ја сакаат. Овој хороскопски знак има најизразени сетила во однос на останатите хороскопски знаци.rnrnСепак, овие личности ќе почекаат некое време пред да се заљубат и ќе го набљудуваат потенцијалниот партнер сè додека не бидат сосема сигурни дека тоа не е само привремена авантура.rn

Близнаци

rnБлизнаците се заљубуваат многу лесно и најчесто во две или повеќе личности истовремено. Изгледа како сите тие луѓе да се дел од една личност и ако Близнаци би можеле да ги состават во една личност, тие ќе го создадат совршениот партнер.rnrnОва е причината зошто Близнаците често се растргнати помеѓу две сакани личности.rn

Рак

rnЛичностите родени во овој хороскопски знак се заљубуваат многу лесно, но ретко го покажуваат тоа затоа што се плашат да не бидат повредени. Ракот има лоши искуства од минатото и затоа мали се шансите дека ќе преземе иницијатива затоа што е заљубен.rnrnОвие личности чекаат долго, сè додека не бидат сигурни дека тоа е вистинската личност за нив.rn

Лав

rnНишто не може да го привлече окото на Лавот. Тој нема да реагира импулсивно како што реагира Овенот, ниту ќе се заљуби на прв поглед.rnrnОдредено време, тој само ќе ја гледа личноста што ја сака.rn

Девица

rnДевицата веднаш знае кого го сака. Таа брзо носи одлуки и ретко прави грешки кога станува збор за проценка на карактерот на луѓето. Кога се заљубуваат, припадниците на овој хороскопски знак не сфаќаат што се случува со нив.rnrnТие се заљубуваат во личности што ги сметаат за нејасни и интересни затоа што имаат потреба да разјаснат и да разберат сè.rn

Вага

rnВагата не се заљубува толку лесно. Ако на Овенот му е потребен само еден поглед, на Вагата ѝ требаат неколку бидејќи таа секогаш мери нешто.rnrnТаа мери дали е заљубена или не и често се прашува дали е заљубена во едниот или во другиот, па затоа ѝ треба малку повеќе време за да одлучи.rn

Скорпија

rnЗа припадниците на овој хороскопски знак, љубовта е како молња, односно како гром. Во еден момент, Скорпија запира сè и се чувствува како да е удрена од гром.rnrnТака изгледа почетокот на заљубувањето на една Скорпија.rn

Стрелец

rnЛичностите родени во овој хороскопски знак се склони кон заљубување и кон авантури.rnrnВо природата на Стрелецот е да се заљубува и бидејќи тој е променлив огнен знак, многу често ја насочува страста од една кон друга личност.rn

Јарец

rnЈарецот не се заљубува толку лесно, но кога ќе се заљуби, сака да ја освојува личноста пополека. Тој е роден маратонец, тркач на долги патеки.rnrnНишто што може да се освои премногу брзо не е вредно за внимание, барем за Јарецот.rn

Водолија

rnОвие личности се заљубуваат многу брзо, но престануваат да бидат заљубени уште побрзо. Овој знак секогаш е заинтригиран од нови, возбудливи работи.rnrnВодолијата едвај одржува подлабоки емоции кон одредена личност подолго време.rn

Риби

rnРибите се заљубени цело време. Ако не во некого, тогаш во нешто – тие се заљубени во добра музика или во нешто слично.rnrnИ овие личности лесно стануваат зависни од љубовта, барем некое време додека не се заљубат во нешто друго (бидејќи Рибите се променлив знак), но важно е дека тие секогаш се заљубени.rnrnПрочитајте кои хороскопски знаци лудо ќе се вљубат оваа година.