Постојат неколку факти што откриваат дека постои поврзаност помеѓу цртите на лицето и карактеристиките на личноста. Ако имате мал нос или широко лице, не станува збор само за генетика, туку изгледот може да ги предвиди и вашето однесување и реакциите. Истражувачите дошле до интересни резултати што ги поврзуваат изгледот и карактеристиките на личноста, а во продолжение прочитајте што откриваат цртите на вашето лице за вас.rn
1. Колку е пошироко вашето лице, толку повеќе имате тестостерон
rn
rnrnСпоред науката, колку се пошироки вашите образи, толку е поголема веројатноста дека сте наметливи, па дури и агресивни. Меѓутоа, ако имате широко лице, не значи дека сте опасни и агресивни, но тоа укажува дека најверојатно ќе реагирате на конфликтот, наместо да го игнорирате.rn
2. Ако вашето лице е потенко, помалку ќе страдате од инфекции
rn
rnrnНаучниците откриле дека колку помалку имате маснотии на образите, толку се помали шансите за заболувања и за стрес. Освен тоа, луѓето со тенки лица имаат пониска стапка на вознемиреност и депресија. Ова може да биде поврзано со вашата кондиција затоа што, генерално, активните луѓе имаат помалку маснотии на лицето и се посреќни.rn
3. Долгиот нос не ве прави лажго, но ве прави поамбициозни
rn
rnrnИстражувачот Абрахам Тамир подолго време ги проучувал карактеристиките на лицето и нивната поврзаност со личноста. Тој забележал дека луѓето со долг нос може да бидат многу амбициозни, да имаат добар инстинкт и имаат тенденција да бидат лидери.rn
4. Мажите со бебешко лице имаат тенденција да бидат помалку доминантни во младоста
rn
rnrnНаучниците откриле дека мажите кои имаат бебешко лице се помалку доминантни во младоста, но учат како да бидат посамоуверени додека растат.rn
5. Луѓето со високи веѓи се пољубезни
rn
rnrnКако основа на ова истражување бил користен моделот на петте големи карактеристики на личноста и според тоа, забележано е дека оние луѓе што се пољубезни, имаат повисока линија на веѓите и помал распон на челото. Истражувачите забележале дека луѓето што имаат исто ниво на совесност и симпатичност, имаат слични лица.rn
6. Колку е пократок носот, толку сте почувствителни
rn
rnrnОткако проучиле 1.793 слики, истражувачите забележале дека луѓето што имаат убав и краток нос полесно и побрзо ја покажуваат чувствителната страна. Исто така, тие може да бидат пољубезни од останатите.rn
7. Екстровертите имаат поиспакната брада
rn
rnrnИстражувањата покажале дека и комуникативните луѓе имаат некои заеднички карактеристики на лицето. Колку сте поголем екстроверт, толку повеќе ви се испакнати носот и усните. Исто така, забележано е дека овие луѓе имаат поизразена брада и подобри мускули за џвакање.rn
Бонус: Страната на која позирате покажува колку сте емотивни
rn
rnОткако ги разгледале сите тестови и резултати, истражувачите откриле дека ако сте поемотивни и експресивни, склони сте да позирате со левиот образ затоа што тој изгледа пофотогенично. Позирањето со десниот образ вели дека повеќе сте научен вид личност.rnrnПрочитајте што откриваат брчките на вашето лице за вашето здравје.

