Да имате партнер не значи дека никогаш нема да се чувствувате осамено. Всушност, постои голема веројатност да се чувствувате осамено дури и во среќна врска. Луѓето доживуваат чувство на осаменост во својата врска затоа што не се чувствуваат поврзано со партнерот, но и поради недостатокот на интимни моменти, без разлика дали станува збор за кратка прегратка, за утрински бакнеж или за состанок во одреден ден од неделата. Во продолжение, ќе откриете кои се причините што предизвикуваат да се чувствувате осамено во вашата врска и што да направите за да го промените тоа.rnrn
rn
1. Не разговарате за комуникацијата во вашата врска
rnКомуникацијата е клучна за среќна врска, но дали можете да процените на каков начин комуницирате еден со друг? Ако се чувствувате осамено во вашата врска, треба да комуницирате повеќе.rnrnМногу е важно да разговарате за недостатокот на комуникација, за тоа како се чувствувате, дали вашиот партнер се чувствува исто како вас и што треба да направите за да се чувствувате повеќе поврзани. Разговарајте на оваа тема во моменти кога нема да се чувствувате осамено, во спротивно ќе изгледа како да го напаѓате партнерот.rn
2. Приоритет ви е забавата, а не поврзувањето со партнерот
rnАко сакате вашата врска да опстане, постојано треба да пробувате нови работи. Но, вашата желба за забавување не треба да доминира над емотивната поврзаност. Ако имате многу забавни спомени заедно, обидете се да одвоите неколку моменти само за вас, да лежите во креветот, да разговарате и да бидете ранливи.rnrnПочнете да разговарате отворено за некои работи што ве загрижуваат, а тоа неизбежно ќе доведе до поголемо чувство на поврзаност со вашиот партнер. На тој начин, партнерот ќе ве запознае подобро и најверојатно и тој ќе се отвори многу повеќе.rn
3. Не се грижите за себе
rnАко се чувствувате осамено во вашата врска, тоа не значи дека осаменоста е поврзана само со вашата врска. Осаменоста можа да биде резултат и на недоволната грижа за себе.rnrnПроверете дали имате симптоми на депресија. Ако размислувате за вашите минати врски и сфаќате дека чувството на осаменост е честа појава во сите врски што сте ги имале, можеби е подобро да посетите терапевт.rn
4. Чувате тајна или избегнувате одредена тема
rnАко криете нешто од вашиот партнер или избегнувате да разговарате за одредена тема, тоа може да предизвика оддалечување. Некои личности може да се чувствуваат осамено затоа што избегнувале одредена тема (на пример финансии), а тоа може да доведе до избегнување и на други поврзани теми.rnrnАко треба да разговарате за некоја непријатна тема, да знаете од каде да започнете може да биде навистина голем предизвик. Па, едноставно започнете гласно да зборувате за тоа што размислувате и одвојте време за да разговарате со партнерот за темите што сте ги избегнувале.rnrnАко не се чувствувате слободно и немате самодоверба да го направите тоа, можеби е време да размислите дали сакате да останете во таква врска.rnrnАко се чувствувате осамено во врската, најважното нешто што треба да го направите е да работите на емоционалната поврзаност. Можеби ќе сфатите дека сте во погрешна врска, но можеби подобрувањето на комуникација ќе ја направи врската уште посилна.rnrnПрочитајте колку време треба да помине по раскинувањето за повторно да бидете во врска.