Исхрана според хороскопските знаци: Огнени знаци

Исхрана според хороскопските знаци: Огнени знаци

Може ли астрологијата да ви помогне во пронаоѓањето на правилната исхрана за вас и така да ви даде нова надеж во борбата против вишокот килограми и проблемите со дигестивниот систем? Еве што велат ѕвездите за тоа која храна е најдобра за вас, а која треба да ја избегнувате според вашиот хороскопски знак.

Исхрана според хороскопските знаци: Огнени знаци

Огнени знаци: Јадете што помалку зачинета храна

Овен

Овните треба да вклучат кафеав ориз, кромид, лук, домати, карфиол, брокула, грав, леќа, моркови, маслинки, ротквици, зелена салата и ореви во нивната исхрана. За претставниците на овој знак најмногу се препорачуваат суви кајсии, потоа банани, смокви, грејпфрут, лубеница и здрави овошни сокови, а од месата се препорачува јагнешко.

Совет: Треба да избегувате зачинета храна, сол и алкохол.

Оброците на Овните треба да бидат едноставни и брзи за подготовка, бидејќи тие често немаат време, многу се нетрпеливи и постојано брзаат. Затоа, ако премногу долго чекаат за нарачаниот оброк, може да станат кошмар за келнерите.

Лав

Ако сте родени во хороскопскиот знак на Лавот, во вашето мени треба да вклучите ориз, целозрнеста исхрана, коренест зеленчук (како моркови и компири) модар патлиџан, домати, спанаќ, кељ, брокула, краставици, лук, лосос, а од јаткастите плодови се препорачуваат ореви, бадеми и сончоглед. Кога станува збор за овошјето треба да консумираат агруми (портокали, лимони, мандарини), потоа ананас, дињи, праски, јаболка и авокадо, а од месото се препорачува мисиркино.

Совет: Треба да внесувате што е можно помалку млечни производи, мрсна и зачинета храна.

Како по правило, Лавовите имаат избалансирани и правилни навики во исхраната и може навистина да уживаат во храната.

Стрелец

Стрелците треба да внесуваат што е можно помалку маснотии, така што им се препорачува мисиркино и не толку мрсно свинско месо. Во нивната чинија треба да се најдат и лососот, интегралните житарки, коренестиот зеленчук, маслинките, лукот, црвениот кромид, спанаќот, морковите, артичоките и зелјето, а од овошјето се препорачуваат: смокви, портокали, јаболка, круши и јагоди.

Совет: Стрелците треба да избегнуваат преработен шеќер, алкохол и зачинета храна.

Експериментираат со егзотична храна која честопати им предизвикува многу проблеми со варењето.

Можеби сакате да дознаете и кои се причините поради кои секој хороскопски знак е склон кон токсични врски?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар