Многумина од нас одат на одмор во септември бидејќи аранжманите тогаш се најевтини, а времето сè уште е топло. Септември е добар месец за патување бидејќи има помалку гужва дури и на најпопуларните туристички дестинации. Па, доколку планирате да патувате овој септември, еве кои се најдобрите дестинации за вас.rnrn
rn
Барселона
rnСептември е идеално време за посета на Барселона бидејќи тогаш е уште топло, но и плажите не се преполни со туристи како во екот на сезоната. Поради тоа што има многу цркви и историски атракции, Барселона е идеална дестинација за крајот на летото.rnrn
rn
Крстарење по хрватскиот брег
rnСе препорачува крстарење по хрватското крајбрежје, а се предлага и посета на Плитвички езера како и на Националниот парк Мљет.rnrn
rnrn
rn
Минхен
rnНа трето место се наоѓа Минхен, најпрво поради Октоберфест кој почнува од 21 септември и трае 16 дена. Секако покрај тоа има и богат ноќен живот, а на туристите им се предлага да го посетат Резиденс – најголемиот германски кралски комплекс за живеење кој сега е изложбена сала.rnrn
rn
Мароко
rnВо септември во Мароко не е премногу топло како во текот на летото, а таму можат да се посетат бројни планински венци, стари градски заедници и пустини, а ќе ве пречекаат љубезни локални жители.rnrn
rn
Бугарија, Софија
rnВо оваа земја има сè што нудат другите европски градови, но по доста пониски цени. На туристите им се препорачува да го посетат Националниот историски музеј, храмот на свети Александар Невски и Рилскиот манастир.rnrn
rnrnПокрај овие, одлични дестинации за патување во септември се и грчките острови, Токио, Сингапур, Франција, Кина, Перу и Сицилија.rnrnДознајте кои се туристичките дестинации со богата историска култура.