9 работи кои децата мора да ги знаат за заштита на планетата Земја

Сподели

Децата учат брзо, па ако родителите им стекнат еко-пријателски навики, тоа би играло огромна улога во зачувувањето на животната средина. Од суштинско значење е да се воспостават овие навики за децата да можат подобро да се поврзат со природата и да бидат инспирирани да зборуваат за заштита на планетата Земја. Исто така, тоа ќе ги направи свесни за предизвиците со кои се соочува животната средина и ќе им помогне во иднина за нивно решавање.

Реклама

Ова се неколку работи за заштита на планетата Земја на кои треба да ги научите вашите деца.rn

1. Користете ги социјалните мрежи за да создадете решенија за зачувување на планетата

rnСоцијалните мрежи можат да бидат зависни, особено за помладата генерација која е изложена на најразлични содржини и поминува помалку време во природа. Сепак, има и некои предности, на пример кога децата се охрабруваат да се поврзат, да се поддржуваат и инспирираат едни со други низ целиот свет со заеднички интерес за природата и нејзината заштита преку размена на идеи и создавање решенија.rn

2. Научете дека кога емисиите се намалуваат, глобалното затоплување се забавува

rnДецата треба да знаат дека возилата се огромна причина за глобалното затоплување и претставуваат 1/5 од штетните емисии. Ако ја знаат оваа информација децата можат да ја применат во нивното секојдневие во иднина. За нашата планета да биде спасена, треба да се избегнува пренатрупаноста со возила.

Намалувањето на бројот на возила по лице ги намалува емисиите на јаглерод диоксид кои предизвикуваат загадување и се причина за глобалното затоплување. Исто така, употребата на електрични и енергетско-ефикасни автомобили, може да промовира обновлива енергија, бидејќи тие произведуваат нулта емисии.rn

3. Секогаш затворајте ги чешмите, бидејќи секоја капка се брои

rnНаучете ги децата за важноста на водата и за заштедата на вода. Ова може да се направи со исклучување на чешмите, вриење вода колку што ви е потребно, собирање на водата од дождот. Исто така, треба да ги охрабрите да практикуваат брзи тушеви, бидејќи секоја минута помината под туш троши 17 литри вода.rn

4. Грижете се за животните

rnДецата треба да знаат дека сите живи суштества треба да се третираат со љубов, грижа, почит, да добиваат храна, а сето тоа ќе обезбеди здрав баланс на еколошкиот систем.

Можат да им помогнат на животните ако присуствуваат за време на нивниот преглед кај ветеринар и исто така со спречување на користење на животните како забава, на пример во циркузи или борби.rn

5. Рециклирање и повторна употреба

rnДецата треба да бидат охрабрени да ги рециклираат своите пластични шишиња и капачиња, бидејќи тие не се биоразградливи и потребни се неколку векови за да се разградат. Така ќе можат да ја заштитат планетата од пластичен отпад, депонии и загадување на водите, кои исто така влијаат на нашата биосфера.rn

6. Хранете се со свежа и органска храна

rnПроизводството на органска храна е подобро за животната средина отколку со вообичаените земјоделски методи, кои употребуваат вештачки ѓубрива и пестициди кои ѝ штетат на почвата. Произведената храна е исто така поздрава и похранлива.rn

Некои совети вклучуваат:

rn

    rn 011

  • Овошје за ужинка е одлична алтернатива за повеќето видови храна
  • rn 011

  • Храната со помалку маснотии е поздрава
  • rn 011

  • Јадете житарки и леб од цели зрна
  • rn

rn

7. Садете дрвја

rnДрвјата се иднината, а децата треба да знаат како да ги ценат и заштитуваат. Садењето дрвја е од суштинско значење за нашиот екосистем во иднина.rn

Еве со што да започнат:

rn

    rn 011

  • Садење дрвја и растенија (како сончоглед, пченка, тикви, домати и јагоди)
  • rn 011

  • Садење цвеќиња кои привлекуваат пеперутки, бубамари и други интересни инсекти и птици
  • rn 011

  • Посета на градини во околината, детски фарми или ботанички градини за повеќе инспирација
  • rn

rn

8. Исклучувајте ги светлата во просториите што не ги користите

rnСите деца треба да научат како да заштедат енергија со истражување и уживање во надворешниот свет, како на пример прошетки на плажа и кампување кои ќе им помогнат да ги разберат изворите на разни природни ресурси и како да ги одржуваат.

Исклучувањето на светлата е одлична активност за да научат како да заштедат електрична енергија и енергија воопшто.rn

9. Учествувајте во локално чистење

rnОхрабрувањето на децата да учествуваат во локално чистење и собирање ѓубре е одличен начин да го направите светот подобро место за живеење.

Инспирирајте се и од овие 10 едноставни работи што ги прават грижливите луѓе за да ја спасат планетата.

Популарно

Може ќе ве интересира