Погледнете го овој рецепт и во текот на викендот направете пралини со вкус на кафе со коишто ќе го израдувате целото семејство.rnrn
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- 250 грама чоколадо
- 2 лажици масло
- 1 лист желатин
- 34 бисквити
- 150 грама маскарпоне
- 40 грама шеќер во прав
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 100 грама слатка павлака
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка:
rnНа пареа стопете го чоколадото заедно со маслото и потоа премачкајте 25 калапи за пралини и оставете ги да се изладат. Остатокот од стопеното чоколадо оставете го за премачкување на пралините.rnrnСтавете го желатинот во вода за да набабри, а бисквитите искршете ги на мали парчиња, натопете ги во кафето и ставете ги во корпите.rnrnИзмешајте го маскарпонето со ванилин шеќер и со шеќер во прав, а павлаката измешајте ја додека да стане шлаг.rnrnНа набабрениот желатин додајте му две лажици павлака и загрејте го за да се растопи. Потоа, во смесата додајте ги маскарпонето и шлагот и мешајте.rnrnКорпите со бисквити наполнете ги со крем, ставете ги во фрижидер за да се изладат, а потоа прелијте ги пралините со слој чоколадо. Постојано чувајте ги во фрижидер.rnrnПогледнете го и овој предлог за ручек и направете пилешко со јаболка и кари.