Се подготвува многу брзо и лесно, а кога еднаш ќе го пробате, ќе сакате повторно!
rn
Потребни состојки:
rn
- rn 011
- Три лажици путер (или маргарин)
- Две помали главици кромид
- Две помали јаболка
- Три лажици брашно
- Лажица кари во прав
- Две пилешки гради (обескостени и исечени на филети)
- 250 мл пилешка супа
- 250 мл млеко
- Сол и бибер по вкус
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn 011
rn
rn
Начин на подготовка
rnЗагрејте ја рерната на 175 степени.
Во подлабоко тавче ставете го путерот или маргаринот да се растопи, па додајте го исечканиот кромид и јаболката исечкани на коцки. Пропржете кратко, додајте го карито и пржете уште околу една минута на не многу силен оган. Додајте го брашното, оставете да се крчка околу една минута, па додаjте ги супата и млекото и добро измешајте.
Месото исечено на филети посолете го и ставете му бибер по вкус, па наредете го во подмачкан плех. Одозгора налејте го сосот со кари и јаболка и печете 45-50 минути.
Уживајте!
Сакате да изненадите некого и со десерт после овој вкусен ручек? Проверете го овој наш рецепт за нутела колачиња.

