Убавите и свежо негувани нокти можат да го поправат дури и вашиот најлош ден, а тоа ќе ве чини многу малку. Ние ви ги предлагаме 7-те тајни на добриот маникир што трае.rnrn
rn
1. Навлажнете ја кожата
rnСувата кожа околу ноктите може да биде непријатна, но исто така може да го наруши естетскиот изглед на вашите раце. За да ја навлажните кожата пред да нанесете лак, користете масла за оваа намена и отстранете го вишокот кожа со соодветната алатка од вашиот сет за маникир.rn
2. Изберете го најкраткиот нокт како мерка за потскратување на ноктите
rnАко не сте сигурни колку треба да ги скратите ноктите, изберете го најкраткиот и на него прилагодете го остатокот од ноктите.rn
3. Подгответе ги ноктите за лак
rnОткако ќе ги скратите ноктите, време е да ги обликувате. Трендовите се различни. Па така, можете да изберете квадратен, кружен или триаголен облик на ноктите – тоа зависи од вашиот вкус.rn
4. Отстранете го вишокот масло за нокти
rnПред да почнете да нанесувате лак, проверете дали ги исчистивте ноктите од остатоците масло што сте го користеле за отстранување на кутикулите, во спротивно, лакот нема да се нанесува најдобро.rn
5. Спречете предвремено отстранување на лакот
rnЗа да го избегнете досадното лупење на лакот за нокти, не заборавајте да поминете со четката и преку работ на ноктот кога се лакирате. Исто така, имајте на ум дека нанесувањето на два тенки слоја е секогаш подобро од еден дебел. Запомнете да нанесете и слој од над-лак (заштитен лак).rn
6. Спречете неуреден изглед на ноктите
rnАко не сакате неуредни линии или оштетување на лакот веднаш по лакирањето, пред да го нанесете лакот натопете го секој нокт во ацетонот и потоа нанесете основен лак. Овој процес ќе ја изедначи површината на ноктите и ќе создаде совршена основа за бојата што ја сакате. Оставете лакот да се исуши најмалку 10 минути, иако тој е чувствителен најмногу еден час по лакирањето. Жолтата боја на природните нокти можете да ја стекнете како резултат на пушење, како и од остатоци од темен лак за нокти, а може да ја отстраните со нанесување на паста за избелување на забите.rn
7. Одржете го свеж изгледот на вашиот маникир
rnАко сакате да го одржите вашиот маникир свеж барем 10 дена, секој втор ден нанесувајте над-лак (заштитен лак). Ова правило важи и за вашиот педикир, кој со одржувањето на ваков начин може да трае и до 1 месец.rnrnАко сте љубители на средени дизајнирани нокти ви предлагаме да прочитате неколку идеи за маникир за празничниот период што следува.