Ако обожавате да гледате хорори, сигурно имате омилен лик кој влева страв во коски. На списокот на најстрашни ликови се најдоа луѓе, но и животни како Годзила, Т-рекс, големата бела ајкула…rn
Годзила
rnОва суштество беше предизвикано од луѓето со помош на атомска бомба, па така радиоактивниот диносаурус се упати кон Јапонија. Но, Годзила имаше и добри карактеристики. Го спасуваше светот не само од лошите Земјани, туку и од вонземјаните. Овој лик за првпат се појави на филмското платно како Гојира во 1954 година, кога на островот Бикини биле вршени атомски експерименти.rnrn
rn
Големата бела ајкула
rnГолемата бела ајкула е вистински ѕвер кој живее во океанот и јаде човечко месо. За првпат се појавила во филм на Стивен Спилберг од 1975 година. Највпечатлива е сцената во која ајкулата напаѓа и јаде една девојка, што предизвикува страв и паника во малото гратче кое егзистира од туризам. За жал, телевизиите одамна не го емитуваат овој филмски серијал.rnrn
rn
Кинг Конг
rnИако денес изгледа сосема нормално, па дури и по малку смешно, ликот на Кинг Конг претставувал олицетворение на страв пред 80 години. Кинг Конг се прослави најмногу благодарение на трагичниот крај и безвремената приказна и така стана лик од книгите, стриповите, театарот и видеоигрите.rnrn
rn
Т-рекс
rnТираносаурусот Рекс е всушност диносаурус месојадец од праисторијата. Овој лик со огромна глава и остри заби е производ на генетскиот и компјутерскиот инженеринг во филмот „Паркот Јура“ на Стивен Спилберг од 1993 година.rnrn
rn
Врколак
rnВрколаците со генерации наназад предизвикуваат страв, посебно за време на полната месечина. Истовремено, ја зголемуваат и продажбата на сребрениот куршум, како единствено оружје кое е појако од овие суштества. Првиот филм во кој врколакот бил главен лик се појавил во 1941 година. Тоа бил филмот „Човекот волк“.rnrn
rn
Франкенштајн
rnПрвото претставување на Франкенштајн се случило во 1931 година, во истоимениот црно-бел филм. Ликот на Франкенштајн е создаден од Мери Шели во романот „Франкенштајн или модерниот Прометеј“ од 1818 година. Со тоа, Шели се смета за основач на жанрот научна фантастика.rnrn
rn
Ханибал Лектор
rnИако Ханибал Лектор е сериски убиец и канибал, тој истовремено е и брилијантен психијатар. Не може да не се спомене неговото легендарно појавување во 1991 година во филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“, каде што покрај Ентони Хопкинс, и Џоди Фостер се претстави во одлично издание.rnrn
rn
Фреди Кругер
rnМногумина го сметаат Фреди Кругер за погрда варијанта на Едвард со рацете-ножици, која демнее како ноќна мора. Помеѓу омилените жртви на овој лик се тинејџерите од предградијата кои ги убива на спиење. Фреди за првпат се појави во 1984 година во филмот „Кошмар на улицата на брестовите“.rnrn
rn
Мајкл Маерс
rnНе може да се замисли Ноќ на вештерките без Мајкл Маерс. Тој е 10-годишно ментално нестабилно и молчаливо дете кое ќе биде сместено во лудница откако ќе изврши семеен масакр, од кој ќе се извлече само неговата помала сестра. Во лудницата ќе започне да изработува маски за Ноќта на вештерките кои нема да сака да ги тргне од лицето. Мајкл Маерс за првпат се појави во филмот на Џон Карпентер, „Ноќ на вештерките“, во 1978 година.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
