За нив љубовта е игра на сè или ништо: Дали сте меѓу овие 5 хороскопски знаци?

За нив љубовта е игра на сè или ништо: Дали сте меѓу овие 5 хороскопски знаци?

‭‬Некои жени во љубовта се водени од мотото „Подобро е да се сака и да се изгуби отколку никогаш да не се сака“, додека други брзо забележуваат дека другата страна не се труди доволно и се откажуваат.

За нив љубовта е игра на сè или ништо: Дали сте меѓу овие 5 хороскопски знаци?

Овен

Жената родена во овој хороскопски знак толку страсно влегува во врската што заборава дека секоја врска има свои ризици и дека не секогаш сè ќе биде како што треба. Таа едноставно им се препушта на пеперутките во стомакот.

Овие жени многу се трудат во врската, а тоа понекогаш може да биде еднострано, таа да се труди, а тој не. Тие сакаат да ги изненадуваат своите партнери со слатки подароци и да планираат романтични настани.

За среќа, Овните брзо забележуваат кога другата страна не се труди и тогаш самите се откажуваат од врската.

Близнаци

Жените родени во овој хороскопски знак обожаваат да влегуваат во нова врска бидејќи тоа ги возбудува. Тие сакаат истовремено да чувствуваат и нервоза и привлечност. И покрај стравот, овие жени искрено зборуваат за своите чувства.

На почетокот на врската тие можат да бидат наметливи при изразувањето на своите чувства и при обидувањето да му угодат на партнерот. Токму тоа е причината зошто нивните љубовни врски траат толку кратко време.

Вага

Вагата е многу лојална на својот партнер и избегнува конфликти по секоја цена. Таа толку многу го сака својот партнер што му дава сè и прави сè за него. На овој начин, таа всушност изразува восхит.

Жените родени во овој хороскопски знак се несебични и лесно можат да се почувствуваат повредени ако проценат дека партнерот не го прави истото. Вагите го гледаат најдоброто кај мажите со кои се во врска и најчесто се расеани и токму тоа е причината за скршено срце.

Стрелец

Овие жени често се арогантни во врската, но се заљубуваат до уши и сакаат со сето свое срце. На почетокот на врската, тие доживуваат налет на страст.

Тие се свесни дека можат да бидат повредени и дека врската нема да трае долго, но сепак, во таа врска влегуваат страсно. Жените родени во хороскопскиот знак Стрелец брзо стануваат отворени со партнерот и ранливи. Тие зборуваат за емоциите многу искрено и се водени од мотото „Подобро е да се сака и да се изгуби отколку никогаш да не се сака“.

Риби

Жените родени во овој хороскопски знак се многу искрени и емотивни. Кога сакаат некој, нема да играат игри и нема да мислат дали ќе бидат повредени. Овие жени имаат целосна доверба во својот партнер и целосно им се отворени. Тоа е и причината зошто најчесто се повредени.

Рибите се свесни за тој ризик, но сметаат дека вреди тоа што го доживуваат во тој момент.

Прочитајте и кои се четирите хороскопски знаци на кои им е најтешко да ја пронајдат вистинската љубов.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар