Дали купувате и нанесувате парфем на погрешен начин?

Дали купувате и нанесувате парфем на погрешен начин?

Кога ќе влезете во парфимерија, преплавени сте од разните мириси и често не знаете кој да го изберете. Многу жени купуваат парфем кој ќе им се допадне „од прва“, а потоа откако ќе го носат неколку дена веќе не им се допаѓа и се запрашуваат зошто го одбрале баш тој парфем. Експертите имаат решение за тоа. Прво, заборавете на непромислениот шопинг бидејќи тоа е првиот чекор за да направите скапа грешка.

Дали купувате и нанесувате парфем на погрешен начин?

Важно е времето

Најважно е откако ќе го испробате тестерот на кожа да го оставите најмалку еден час за да ги откриете сите негови ноти. Тоа е затоа што секој парфем се состои од горни, средни и основни мирисни ноти. Горните, односно почетните се оние кои ќе ве привлечат веднаш на првиот мирис. Средните ноти го сочинуваат срцето на парфемот и затоа имаат најголема улога, додека основните се темелот на парфемот. Треба да помине време за да ги помирисате сите ноти.

Важно е и каде го нанесувате

Парфемот нанесете го на најтоплите делови на телото: вратот, подрачјето околу клучната коска, внатрешните делови на лактот и колената. Така мирисот постепено ќе се шири и подолго ќе трае. Нанесувањето на парфемот позади ушите не се препорачува бидејќи таму има жлезди кои може да го променат мирисот.

И за крај, експертите велат дека мирисот кој го носиме пред сѐ е резервиран за блиски личности кога ќе ни се доближат. Според бонтон, непристојно е да се „напаѓа“ околината со својот парфем.

Следно, дознајте дали погрешно го нанесувате дезодорансот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Спиела во пустина, летала со параглајдер и видела 71-метарска статуа од Буда исклесана во планина. Со дигитално новинарство се занимава од факултетските денови.

Поврзани содржини

Остави коментар