Ова ќе бидат најбараните работни позиции во 2020 година
Загрижени сте за сигурноста на вашата работа? Можеби треба да размислите за промена на професијата. Како што знаеме, светот станува исполнет со технологија, и поради тоа сите работни позиции имаат технолошки елемент. Не сите бараат да знаете програмски јазици, но сепак треба да имате мало предзнаење.
1. „Блокчејн“ програмер
Се смета дека ова ќе биде најбараната позиција во 2020. Тоа е така бидејќи инфраструктурата со крипто-валутите е во развој.
2. Физиотерапевт
Потребата за физиотерапевти се зголеми оваа година и трендот ќе продолжи и во 2020.
3. Дигитален и видео маркетер
Потребата за овие позиции е висока во маркетинг индустријата и ќе стане уште поголема бидејќи видеото станува сѐ повеќе популарно. Видеото се користи за зголемување на онлајн корисниците на начин во кој содржината не може да биде пренесена сама од себе.
4. Управувач со дронови
Ова е сосема нова област и се смета дека ќе биде доста успешна. Компаниите бараат квалификувани матуранти и средношколци да управуваат со дронови бидејќи потребата од дроновите се зголемила во последниве години.
5. Проект менаџер за Интернет безбедност
Се смета дека ќе има нови 3,5 милиони работни позиции во оваа област. Проект менаџерите за безбедност кои имаат малку искуство може да заработуваат дури и 66 илјади долари годишно како почетна плата.
6. Техничари за безбедност, пожар и услуги
Оваа работна позиција вклучува инсталација на сигурносни системи, аларми против кражби, аларми против пожар итн.
7. Финансиски технолози
Финансискиот сектор постојано се развива и се очекува да се зголеми за 11% до 2026. Според фирмата „Арора“, овој пораст ќе биде фокусиран на технолошката страна на финансискиот дел од бизнисот.
8. Адвокати и правници
Се смета дека адвокатите и правните лица кои имаат искуство од барем три години ќе бидат многу барани следната година. Овие позиции ќе бидат барани од страна на правните фирми и корпорациите.
9. Домашни негуватели
Според статистиките, голем број од луѓето кои се над 65-тата година имаат потреба од домашна нега до крај на нивниот живот. Работната позиција како домашен негувател е многу поценета отколку работењето во старечки дом.
10. Менаџер за социјални мрежи и маркетинг
Маркетинг автоматизација, зголемување на маркетингот и водењето социјални мрежи се само некои од работите кои не ни постоеја пред пет години. А сега, тие се во прв план при развивањето на бизнис!
11. Програмер, компјутерски инженер, истражувач на податоци и аналитичар
Веќе нема потреба да работите во фирма за технологија за да мора да ги работите овие позиции. Овие позиции се присутни во речиси секоја поголема фирма.
За многу од овие работни позиции е доволен само компјутер, па дознајте зошто истражувачите се сложни дека луѓето кои работат од дома се посреќни!