Зошто и без конзерванси храната во тегла останува долго свежа?
„Како да се направи зимница без конзерванс“ – во моментов е еден од најпребаруваните рецепти на интернет. Лесно може да го најдете одговорот. Свежиот зеленчук за туршија нема да ги изгуби витамините и ќе ја задржи истата текстура ако го подготвите според препораките.
По рецептот на нашите баби
И нашите баби подготвувале зимница без конзерванси. Самиот процес подразбира:
- Пред се високо ниво на хигиена на кујната и површините на кои се подготвува храната, како и на рацете, теглите и капаците.
- Теглите во кои се става зимница мора да бидат добро измиени па провриени во вода што врие. Високата температура ги убива сите бактерии и микроорганизми кои би можеле да ја расипат зимницата.
- Зеленчукот треба добро да се измие и исуши, ајварот добро да се изпржи, а џемот добро да се испече. Потоа се става во топли тегли (некои мајки и баби стерилизираните тегли ги чуваат во топла рерна додека да дојде моментот да се стави, на пример, џемот).
- Додека е сѐ сеуште топло треба веднаш да се затвори капакот, да се створи вакум и самата топлина да го извлече целиот кислород кој е погоден за развој на бактерии.
- На крајот, теглите се завиткуваат во ќебе и се оставаат во текот на ноќта по природен пат да се изладат.
Вака подготвен џем или ајвар може да остане свеж и 7-8 години!
Детска храна без конзерванси
Родителите повеќе не мора да се грижат затоа што на пазарот се појавија теглички со детска храна од 100% природни состојки. Тегличките се потполно безбедни, херметички се затворени така што храната во нив трае и до 2 години (24 месеци). Со цел храната за нашите најмали да биде што побезбедна на тегличките има заштитна фолија која штити од светлина, прашина и од отворање што воедно гарантира и зачувување на свежината. Сигурен знак дека тегличката е исправна е звукот налик на клик кој треба да се слушне при отворањето.
Дополнителни бенефити на BFF тегличките се: прозорче од десната страна низ кое се гледа конзистеницијата на содржината на тегличката и линијата со која е облежана точно на половина за да не мора да го мерите оброкот.
Детска храна без додатоци
Што всушност значи храна без додатоци:
- Без додадени бои и ароми – ниедна детска храна, според правилникот за диететски производи и правилникот за исхрана на новороденчиња и мали деца, не смее да содржи ГМО намирници, не смее да има адитиви, конзерванси и ароми.
- Без додаден шеќер – содржи фруктоза – шеќер кој потекнува од овошје. Обичниот бел шеќер дава чувство на ситост ( поспоро се разложува па организмот не го регистрира) но организмот брзо по оброкот пак го бара додека кај фруктозата тоа не е случај.
Комерцијален текст