КАФЕ ПАУЗА

Зошто многу добри мажи остануваат сами?

Зошто многу добри мажи остануваат сами?

Зошто добрите мажи ги одбиваат жените? Можеби ова е поврзано со фактот што жените сакаат да се забавуваат и да бидат со човек кој сака да презема ризици. Возбудата е многу важен дел од секоја врска, а „добрите момци“ едноставно не можат да ја пружат потребната ментална и емоционална стимулација. Кога жените за некого ќе кажат дека е „добар маж“, тие всушност на пристоен начин велат дека одреден човек не е нивен тип. Етикетата „добри мажи“ ја добиваат оние момци кои се сметаат за здодевни и предвидливи. Постојат разни психички причини зошто добрите мажи остануваат сами…rnrnЗошто многу добри мажи остануваат сами?rn

Играат според правилата

rnДобрите момци секогаш ги следат општествените норми и никогаш не ги прекршуваат. Освен тоа, тие не ризикуваат, па затоа стануваат обични и предвидливи. Жените од 21-виот век сакаат возбуда и уживање во нивните односи, а добри момци не можат да им го пружат тоа.rnrnШто да направите во врска со тоа?rnrnДознајте како да ризикувате кога се во прашање врските. Одведете ја во забавен парк наместо на формална вечера. Бакнете ја уште на првиот ден. Кажете ѝ дека ви се допаѓа нејзиното тело, без да се плашите дека ќе се навреди. Постојат безброј начини на кои можете да покажете дека сте подготвени на ризици.rn

Не размислуваат за динамиката на моќта

rnВо врските мора да постои совршена рамнотежа од 60-40. 60% од моќта во почетните разговори би требало да ја има мажот, а жената би требало да има 40% од моќта. Тоа можеби ви делува комплицирано, но не е. Тоа значи дека добрите мажи не ја водат интеракцијата и не зборуваат за себе. Премногу се загрижени за тоа што ќе мисли партнерката за нив и тоа е причината зошто сѐ тргнува наопаку. Тие не треба да се одрекуваат од нивната моќ.rnrnШто да направите во врска со тоа?rnrnТреба да сфатите дека би требало да покажете малку доминација и одлучност.rn

Немаат свое мислење

rnЖените не сакаат кога некој постојано се согласува со нив. Тие сакаат да бидат предизвикани и им треба човек кој ќе може да стои зад своите ставови и мислења. Добрите мажи се обидуваат да бидат пристојни на тој начин што се согласуваат со жените на секоја тема. Не разбираат дека жените не го сакаат тоа. Жените сакаат некој кој може да ги води и насочува.rnrnШто да направите во врска со тоа?rnrnИмајте свое мислење и бидете подготвени да го браните. Не мора да се согласувате со сѐ што ќе кажат жените. Ако не се сложувате во врска со нешто, кажете го тоа!rnrnЗошто многу добри мажи остануваат сами?rn

Премногу се извинуваат

rnДобрите мажи се извинуваат буквално за сѐ. Веднаш се извинуваат ако случајно ја допрат раката на жената што им се допаѓа или ако премногу ѝ се доближат. Жените не го сакаат таквиот став. Тие сакаат мажот да покаже доминација и контрола. Мажите би требало да бидат одлучни и да бидат подготвени да го сторат она што го сметаат за соодветно во ситуацијата, без извинувања.rnrnШто да направите во врска со ова?rnrnТреба да разберете дека вашите грешки не се причина за сите лоши работи на светов. Не треба да се извинувате ако клима уредот во ресторанот каде што сте ја одвеле е расипан.rn

Не се вклопуваат во замислата на жените

rnДобрите момци не се вклопуваат во шемата што постои во сите женски умови. Мажите би требало да бидат доминантни и одлучни. Овој стереотип е поврзан со машкото влијание во општеството, но станува збор за вистина. Повеќето жени сакаат „класични“ мажи, а добрите момци не ги исполнуваат тие критериуми. Добрите мажи се сметаат за бета мажи, а жените од 21-виот век сакаат алфа мажи.rnrnШто да направите во врска со тоа?rnrnОбидете се да бидете поуверливи. Секако дека не треба да го менувате вашиот карактер, но обидете се да станете поупорни подоминантни со луѓето околу вас. Од вас се очекува да покажете страст и лидерски способности.rn

Се плашат од одбивање

rnДобрите мажи секогаш се откажуваат од работите што ги сакаат во животот поради тоа што се плашат од туѓите осудувања. Тие не се доволно уникатни, па затоа најчесто остануваат сами. Жените ги сакаат момците кои не се плашат да бидат такви какви што се. Добрите мажи секогаш се грижат за туѓото мислење. Секогаш се по малку огорчени поради тоа што не се во состојба да го направат она што го сакаат.rnrnШто да направите во врска со тоа?rnrnОбидете се да ги препознаете вашите потреби и желби и да ги исполните. Не грижете се за туѓото мислење. Бидете такви какви што се и ќе ги привлекувате жените како магнет. Тие нема повеќе да бегаат од вас по првите неколку состаноци.rnrnВо продолжение прочитајте кои се 11-те проблеми што настануваат во љубовните врски со добри момци.