Моќта е во ваши раце, со женската привлечност и сензуалност, многу лесно ќе го доведете до лудило. Со примена на неколку лесни совети, ќе му го „свртите“ паметот и ќе ја разбудите неговата фантазија… Па после не било вистина дека девојките знаат како да управуваат со мажите. :)rnrn
rn
Жешка најава
rnДодека е на работа или излезен со другарите, испратете му кратка порака која јасно ќе му даде до знаење што имате на себе и ќе му ја поттикне фантазијата. Ќе посака да може да летне за што побрзо да дојде до вас.rn
Неговите омилени работи
rnСè она што го сака имајте го на себе. Било да е љубител на тесни хеланки, секси долна облека, тенко фустанче и слично. Ставете се во позиција како да сте подготвени да му ги исполните сите желби и да бидете неговата омилена.rn
Замена на улогите
rnАко ве знае како тивка, мирна и повлечена девојка, пречекајте го дома како палава, непослушна и темпераментна дива. Или обратно, доколку сте слободна и темпераментна, станете слатка и заводлива. Истакнете го вашето алтер его и започнете ја играта!rn
Опоен мирис
rnНанесете лосион за тело кој ќе направи да посака никогаш да не се одлепи од вас. Искористете го парфемот кој нему му е омилен, истакнувајќи ја вашата женствена и заводлива страна.rn
Подарете му го вашето внимание
rnБез разлика колку долго се заедно, партнерите секогаш треба да си посветуваат време. Резервирајте време само за него и посветете му се, но не како роб, туку како вљубена жена. Направете му го омилениот оброк (нели љубовта доаѓа преку стомакот 🙂 ), кажете му ги работите кои сака да ги чуе, направете да се чувствува удобно и сакано.rnrn
rn
Храна за подигнување на либидото
rnОдредена храна влијае на машкото либидо, бидејќи содржи состојки кои придонесуваат за лачење на машки хормони. Некогаш станува збор за храна за која ни на крај памет не ви е дека би можела да биде поврзана со либидото. Храна која го поттикнува неговото либидо: авокадо, морска храна (лосос и школки), чоколадо, јајца, банани, ананас, ореви…rn
Бидете самоуверена
rnСамоуверената жена е привлечна и посакувана зашто самодовербата е убавина. Играјте смело, движете се хипнотизирачки, секој ваш потег нека ја истакнува вашата сензуалност и самоувереност.rn
Заведете го со очите
rnНе е сè во секси облеката и вашите облини. Колку и да ги дефинираме мажите како плитки, тие сепак се хипнотизирани од женскиот поглед. Нанесете ја вашата омилена маскара и упатувајте смели и заводнички погледи.rn
Кажете му ги вашите желби
rnЖената која знае што сака, кога сака и не се плаши да му го каже тоа в лице, е вистински хипнотизирачки магнет. Мажите се визуелисти, зборовите лесно им ја поттикнуваат фантазијата, па затоа заведувањето е лесна задача за жената.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
