5 природни начини да ја отстраните непријатната миризба од обувките

Сподели

Постојат неколку прилично едноставни методи за отстранување на непријатниот мирис од обувките. Дознајте како во продолжение…

Реклама

rn

1. Сода бикарбона

rnСода бикарбоната апсорбира и влага и миризба. Токму затоа и навечер ставајте по една лажица сода бикарбона во секоја од обувките и оставете да делува преку ноќ. Наутро истресете ја сода бикарбоната и нема да има ни траг од непријатниот мирис.rn

2. Пудра за бебиња

rnПудрата за бебиња е исто толку корисна како и сода бикарбоната. Таа има две примени – може да се стави малку пудра во секоја обувка и да се остави преку ноќ или пак, да се нанесе директно на стапалата и да се впие потењето.rn

3. Лаванда и жалфија

rnСтавете ги обувките на балконот, а во секоја од нив ставете по едно гранче лаванда или жалфија. Овие две билки ќе ги убијат сите бактерии кои се наоѓаат во обувките и непријатната миризба веднаш ќе исчезне.rn

4. Кора од портокал

rnНикогаш не фрлајте ги корите од портокалите, лимоните или мандарините. Можете да ги оставите преку ноќ во обувките и наутро нема да почувствувате миризба од обувките.rn

5. Етерично масло од чајно дрво

rnОва етерично масло можете да го набавите во аптеките и најделотворно е против отстранувањето на непријатната миризба од обувките. Маслото може да ви послужи и како дезодоранс за обувки. Сè што треба да направите е да капнувате по неколку капки од маслото на дното два пати неделно.

Популарно

Може ќе ве интересира