КАФЕ ПАУЗА

Музиката како лек за несоницата

Музиката како лек за несоницата

Докажано е дека музиката влијае на нашите емоции. Таа може да нѐ расплаче, но и да нѐ наполни со позитивна енергија. Едно неодамнешно истражување спроведено од научници и лекари од Хонгконг покажало дека музиката може и да нѐ успие.rnrnМузиката како лек за несоницатаrnrnИмено, учесниците во истражувањето кои секоја вечер пред спиењето слушале музика во период од 30-45 минути заспивале побргу, но и подобро спиеле и се чувствувале подобро следното утро.rnrnПесните кои се слушале за време на истражувањето имале помеѓу 60 и 80 удари во една минута. Со приближно ист ритам чука и нашето срце додека заспиваме. Со тоа научниците потврдиле дека може да го принудиме телото да се опушти со слушање на вистинската музика.rnrnДруги истражувачи претходно соработувале со музичари за да создадат музика која би им помагала на луѓето побргу да заспијат. Така, во 2011 година, англиското трио „Маркони Јунион“ ја снимиле „Weightless“ – мелодија која била создадена да им помогне на слушателите да се опуштат преку проверени звуци и ритам кој го успорува чукањето на срцето.rnrnСе чини дека музиката може да делува и на анксиозноста. Скоро истражување открило дека учесниците кои слушале музика додека решавале тешки загатки имале помали нивоа на анксиозност за дури 65% во споредба со оние кои не слушале музика за време на задачите.rnrnДоколку сакате да заспиете побргу и да спиете подобро, обидете се со слушање на следниве мелодии пред спиење.rn

Клод Дебиси – „Clair de lune“

rnhttps://youtu.be/CvFH_6DNRCYrn

Моцарт – „Canzonetta Sull’aria“

rnhttps://youtu.be/-fLCNv2VUE4rn

Шопен – „Nocturne“

rnhttps://youtu.be/p29JUpsOSTErn

Сајмон и Гарфанкл – „The Boxer“

rnhttps://youtu.be/l3LFML_pxlYrnrnКога станува збор за слушањето музика на работа, дали тоа навистина ве прави попродуктивни?