КАФЕ ПАУЗА

Како да ја подготвите косата за студеното време?

Како да ја подготвите косата за студеното време

Есента и официјално пристигна, а со неа се намалуваат температурите, што може да биде штетно за косата. Како може да бидете сигурни дека вашата коса е подготвена за студентите денови кои следуваат?rnrnКако да ја подготвите косата за студеното времеrn

Скратете ги испуканите врвови

rnНиските температури може да го предизвикаат или зголемат пукањето на влакното. Експертите советуваат скратување на врвовите пред почетокот на зимата. Доволно е да се скрати врвот, без видлива промена на должината.rn

Користете маска

rnПо летните месеци, вашата коса веројатно е посува и покршлива. Тука на помош доаѓаат маските за коса кои го хидрираат влакното. Предлог за маска: измешајте маслиново масло и жолчка од јајце и нанесете го на целата коса. Кокосовото масло, исто така, е одличен избор за нега на косата.rn

Кажете му збогум на опавчето

rnЧестото врзување на косата во опавче е штетно за коренот на косата, но и за самото влакно, кое под притисокот ослабува и пука.rn

Исчистете ја косата

rnДоколку сте поминувале многу време во море или во базен, косата веројатно е оштетена од хлорот, солта и сонцето. Започнете ја есента со детално чистење со специјален шампон кој ќе ги исчисти наслагите собрани на влакното.rn

Ослободете се од електрицитетот

rnЗа да ја одбегнете појавата на електрицитет за време на студеното време, одржувајте ја косата хидрирана и редовно користете серум. Се препорачува и користење на поквалитетна четка за коса.rn

Подгответе се за ветерот

rnЗа да го одбегнете летањето на косата на ветровито време, ставете серум пред излегувањето. Серумот истовремено и ќе ја заштити косата.rnrnКако може да ја обновите косата со состојки кои ги имате дома? Прочитајте за овој хит метод за обновување на косата со вода од сварен ориз.