КАФЕ ПАУЗА

Како да се изборите со есенските настинки?

Како да се изборите со есенските настинки?

Несоодветната гардероба е најголемиот непријател во овој период од годината. Доколку носите отворена и плитка облека кога температурите се ниски и врне дожд, многу лесно можете да „заработите“ настинка.rnrnКако да се изборите со есенските настинки?rn

„Со претстојните врнежи од дожд, ветрот и студот, освен есенска меланхолија, се јавуваат и есенски кивавици“, вели д-р Ирена Џелетовиќ Милошевиќ, препорачувајќи ни едноставни начини за да се одбраниме од типичните есенски болести.

rnСо овие совети, дочекајте ја зимата „пукајќи“ од здравје!rn

1. Спречете го грипот

rnЕсента е идеално време за годишната вакцинација којашто најмногу ќе ве заштити од вируси и грип. Кога кивате и кашлате, покривајте ги носот и устата со марамче за да не ги заразите луѓето во вашата близина. Доколку се разболете, останете дома, бидејќи тој е единствениот начин за потполно и правилно да се излечите.rn

2. Внимателно со антибиотиците

rnАнтибиотикот ги лечи бактериските инфекции, но не и оние кои се предизвикани од вируси. Обичната настинка и грипот се вирусни инфекции и не се лечат со антибиотици. Непотребното користење на антибиотик предизвикува оформување на отпорни бактерии, коишто понатаму се многу потешки за лекување.rn

3. Бидете подготвени за студеното време

rnИзлегувањето надвор на ниски температури може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Децата и постарите лица се посебно чувствителни, но и оние во „најдобрите години“ можат да ги почувствуваат последиците. Време е за топли чорапи и јакни.rnrnКако да се изборите со есенските настинки?rn

4. Јадете лук

rnВо сосовите и храната користете лук. Истражувањата покажуваат дека ензимите од лукот помагаат за лачење на серотонинот (хормон на среќата).rnrnКако да се изборите со есенските настинки?rn

5. Добро мијте ги и сушете ги рацете

rnЧистите раце се еден од најважните чекори за да се избегнат потенцијалните болести и ширењето на микроби. Најдобро е да ги миете рацете со сапун и вода околу 20 секунди. Ако немате таква можност, користете влажни марамчиња со алкохол. Освен доброто миење на рацете, важно е и добро да се исушат бидејќи бактериите се шират на влажни површини.rn

6. Јадете овошје и зеленчук

rnНаесен, многумина уживаат во сувомеснати производи, ајвар и кисели салати, но витамините најмногу се внесуваат преку овошјето и зеленчукот. Наместо замрзнати, јадете свежи и што помалку термички обработени плодови.rnrnКако да се изборите со есенските настинки?rn

7. Проверете ги инсталациите во домот

rnПовикајте мајстор којшто ќе ги провери инсталациите на плин во вашиот дом, каминот или оџакот. Звучи неверојатно, но секоја година некоја личност страда од труење со јаглерод моноксид, а ова е особено често кај постарите лица. Освен тоа, сменете ги батериите во алармите за пожар доколку ги имате дома. Купете и гумени траки и затворете ги дупките во дрвените врати или прозорци, бидејќи таквата промаја може да доведе до вкочанетост во телото.rnrnЗа уште повеќе совети, прочитајте за овие десет природни антибиотици што ги имате во домот.