Проблемите на денешницата инспиративно претставени во илустрациите на Стефен Крафт
Повеќето од нас се свесни или барем информирани за нештата што не чинат денес со светот. Сепак, многумина одлучуваат да ги игнорираат. Германскиот артист Стефен Крафт сака да нѐ потсети на сите проблеми на денешницата кои често ги забораваме и мислиме дека ќе се поправат сами од себе или пак, уште полошо – дека некој друг ќе се погрижи за нив.
Неговите илустрации со кратки коментари го истакнуваат она што е иронично, чудно и хипокритично во денешниот живот.
„Инспириран сум од големите нешта како климатските промени, загадувањето со пластика и социјално однесување. Се обидувам да ги упростам овие комплексни теми и да им вметнам елемент на изненадување. Во нашето секојдневие преплавени сме со слики и впечатоци поради што ја губиме способноста да анализираме и да го видиме светот од поинаква перспектива.“
„Мојата цел е да ги изненадам гледачите со едноставни идеи на кои можеби воопшто не помислиле и на тој начин да ги поттикнам да размислат и да ги дискутираат со други луѓе“, вели Крафт.
1. Би сакала да имам повеќе лајкови
2. Сам/а не можам да го променам светот
3. Толку сум осамен/а
4. Сега ќе се чувствуваш како дома
5. Земјата се топи
7. Ги сакам животните
8. Некој друг ќе помогне
9. Прекумерно купување
10. Времето истекува
Продолжува на следната страница…