6 места без кои вашето патување во Виена нема да биде целосно

6 места без кои вашето патување во Виена нема да биде целосно

Со богата култура, многубројни историски знаменитости и зачудувачка архитектура, Виена претставува исклучително наследство на познати музичари, уметници, поети и архитекти. Поставен благодатно на источните брегови на реката Дунав, главниот град на Австрија е полн со блескави палати, барокни замоци и збирка од музеи и споменици што треба да се истражуваат. Без разлика дали барате места за посета во еден или пак во повеќе денови, овој елегантен град нуди голем избор на туристички атракции.

Палатата Шенбрун (6 места без кои вашето патување во Виена нема да биде целосно)

Затоа, ослободете си малку време и погледнете ја оваа листа на места кои вредат да се посетат при вашето следното патување во Виена.

Палатата Шенбрун

Огромната палата Шенбрун каква што ја гледаме денес, е изградена во средината на 1700-тите години – дизајнирана во барокен стил со симетрична главна зграда која има стотици прозорци и статуи на покривот. Ова место претходно било во сопственост на моќен римски император, кој го користел како ловиште, за подоцна да стане главна летна резиденција на Хабсбуршките владетели. Денес палатата опстојува како музеј и е една од најпопуларните атракции во Виена, ако не и во цела Австрија. Исто така, таа е заштитена од УНЕСКО како светско културно наследство. Огромната палата има повеќе од 1.400 соби во кои посетителите можат да ги разгледаат бујните ентериери на кралските одаи. Прекрасните градини се слободни за истражување, накитени со формални цветни леи, скулптури, римски урнатини, лавиринти, како и фонтаната Нептун и видиковецот Глориете.

Палатата Шенбрун (6 места без кои вашето патување во Виена нема да биде целосно)

Палатата Шенбрун (6 места без кои вашето патување во Виена нема да биде целосно)

Палатата Шенбрун (6 места без кои вашето патување во Виена нема да биде целосно)

Катедралата Свети Стефан

Катедралата Свети Стефан е едно од најпрепознатливите обележја во Виена. Импресивната готска црква датира од 1300-тите години и забележала многу промени низ годините. Највисоката кула достигнува висина од 136 метри. Разнобојниот покрив со мозаик од двоглав орел е впечатлива и симболична карактеристика за Хабсбуршката империја. Внатре има неколку капели посветени на различни светци, статуи, религиозна уметност и впечатлива готска говорница. Со искачување на 343 скалила кои водат до еден од врвовите на кулата, може да се ужива во прекрасниот поглед на градот. Интересни се и многуте музички настани кои се случуваат токму овде. При посета на јужната кула потребна е голема внимателност бидејќи за брзо време таа станува преполна, а скалите се прилично тесни.

Катедралата Свети Стефан

Катедралата Свети Стефан

Паркот Пратер

Пратер е голем јавен парк во Леополдштат – една од најпознатите населби во Виена. Полн со зеленило низ целата главна патека, паркот е одлично место за уживање во природата и релаксирање на отворено. Во склоп на ова место има и забавен парк кој е еден од најстарите забавни паркови во целиот свет. Паркот има и планетариум, музеј, продавници, ресторани и разни други атракции. Посетата на паркот не се наплаќа, па можете слободно да уживате во неговите убавини. Приемот во забавниот парк е исто така бесплатен – посетителите единствено плаќаат за возењата кои што сакаат да ги искусат. Највозбудлив туристички симбол на градот е Пратеровото панорамско тркало кое што овозможува прекрасен поглед на целиот град уште од 1896 година. Во овој огромен парк има место за најразлични активности – од простор за јавање коњи, до пливање во базен на стадионот, возење велосипед, играње тенис, фудбал…

Паркот Пратер

Паркот Пратер

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар