КАФЕ ПАУЗА

5 нешта за кои жените се присилени да плаќаат повеќе од мажите

5 нешта за кои жените се присилени да плаќаат повеќе од мажите

Со години многу производители наплаќаат повеќе за одредени продукти само затоа што се брендирани за жени. Ова не е ништо ново и истражување од 2010-та година покажало дека продуктите за жени, кои се разликувале само по дезенот на пакувањето, чинеле до 50% повеќе од истите производи наменети за мажи.rnrn5 нешта за кои жените се присилени да плаќаат повеќе од мажитеrnrnОва зголемување на цените, познато и како „розов данок“ се случува барем 20 години. Па зошто е ова вака? Можеби повеќе чини пакувањето или женските продукти содржат повеќе скапи состојки? Но, кога ќе ги погледнете состојките ќе сфатите дека и нема некоја разлика. Па, погледнете кои се најчестите продукти за жени кои се речиси секогаш со повисока цена.rn

1. Жилети и креми за бричење

rnКај жилетите постои најголема разлика во цена и понекогаш женските можат да чинат дури 108% повеќе од машките. Жените кои се уморни од давање премногу пари за жилети можат слободно да ги купуваат машките.rn

2. Шампони и продукти за нега на коса

rnЕдно истражување од 2015-та година открило дека женските продукти за нега на коса се и до 48% поскапи од машките. Дали причината е тоа што жените би дале повеќе пари за овие продукти? Дали производителите им ја набиваат цената на продуктите само затоа што можат? Па, следниот пат размислете подобро пред да купите скап шампон за коса.rn

3. Секојдневни услуги

rnЖените кои ги користат истите услуги како и мажите понекогаш треба да платат поскапо. Ова најмногу важи во фризерските салони каде што потстрижувањето на жените трае подолго, па веројатно и затоа е поскапо. Но што е со хемиското чистење? Дали е вистина дека машините се направени за машка облека, па потребна е дополнителна работа за женската?rn

4. Тампони и женски хигиенски продукти

rnПроизводителите на хигиенски продукти за жени се обидуваат да звучат што е можно поскромно, но вистината е дека овие нешта се неопходни и скапи. Покрај тоа, на мажите не им се потребни овие хигиенски продукти поради месечна биолошка функција. Поради ова се поставува прашањето дали е фер да се додава финансиски товар на жените со ова? Исто така, обележувањето на овие продукти како луксузни е смешно.rn

5. Детски играчки

rnРозовиот данок важи и за играчките за девојчиња. Всушност, играчките кои им ги рекламираат на девојчињата во просек чинеле 7% до 11% повеќе од оние за момчињата. Сепак, овде не може да се направи вистинска споредба бидејќи повеќето деца сакаат и „машки“ и „женски“ играчки.rn

Што можете да направите?

rnИако продуктите за лична нега и здравје се најчесто поврзани со розовиот данок, проблемот е распространет многу повеќе. Во едно истражувањето биле вклучени 800 разни продукти со машка и женска верзија и се открило дека женската верзија чинела повеќе во 42% од случаите. Оваа разлика може да чини илјадници евра во текот на животот на една жена. Најдоброто нешто што можете да го направите е да ја подигнете свеста и да купувате попаметно. Барајте компании со компатибилни вредности или едноставно купувајте ги „машките“ верзии на истите производи.