Зошто треба да бидете оптимистични?

Зошто треба да бидете оптимистични?

Оптимистите се луѓе на кои „чашата секогаш им е полу полна“. Не е лесно секогаш да се биде насмеан и оптимистичен, но постојат многу позитивни страни на оптимизмот! Познавате луѓе што се оптимисти или можеби вие самите сте такви? Сигурно забележувате дека е пријатно да се биде во друштво на позитивна личност. Прочитајте во продолжение зошто е убаво да бидете оптимистични.

Истражувањето покажало дека оптимистите обично живеат подолго и имаат поголеми шанси да го доживеат својот 85-ти роденден. Научниците веруваат дека позитивните луѓе подобро се борат со стресот со што се смалува неговото негативно влијание врз здравјето. Исто така, тие се склони да си поставуваат цели и веруваат дека можат да ги остварат што ги мотивира да бидат физички активни и да се хранат здраво.

Научниците од Универзитетот во Бостон следеле речиси 70 илјади жени во текот на цела деценија и 1.500 мажи во траење од 30 години. Утврдиле дека оптимистите имаат од 11% до 15% подолг животен век и дека имаат поголеми шанси да доживеат прилично длабока старост односно да го дочекаат својот 85-ти роденден.

Најпозитивните жени помеѓу испитаниците имале дури 50% поголеми шанси да доживеат 85 години, а најоптимистичните меѓу мажите имале до 70% поголеми шанси да ја доживеат таа година!

Истражувањата идентификувале многу фактори на ризик за болести и рана смрт, но знаеме многу помалку за позитивните психолошки фактори кои можат да помогнат и да го „продолжат“ животниот век. Ако не сте оптимистични, не грижете се – студиите покажале дека оптимизмот може да се научи! Медитацијата, бихевиорално-когнитивната терапија и вежбите со пишување може да им помогнат на луѓето да имаат поведар поглед на светот.

Дознајте на кои едноставни начини можете да се исполните со оптимизам и да ги наполните батерии.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар