Хороскопот не само што ни дава известувања и совети за денот, неделата па и за подолг период, со читањето на хороскопските знаци можеме да дознаеме многу повеќе за нив, како нивните стравови, желби, како се однесуваат во одредени ситуации и слично. Во продолжение прочитајте за што мечтае секој од нив:rnrn
rn
Овен
rnМечтаат за патување на најоддалечената точка на земјата, само затоа што никој друг не бил таму.rnrnЖените во знакот Овен мечтаат за бестрашен и неодолив авантурист кој ќе ги „киднапира“ среде бел ден и ќе ги однесе во непознат правец. Мажите Овни мечтаат за посета на натпревар на нивниот омилен клуб, кој по никоја цена не би го пропуштиле, па дури и да не спијат 3 дена. И тогаш на некоја спортска трибина во некој оддалечен град, ќе здогледаат егзотична убавица од своите детски соништа, баш во моментот кога целиот стадион ќе одекнува од аплаудирање и извикување од воодушевената толпа навивачи.rn
Бик
rnОсвен што мечтаат да имаат многу пари, Биковите мечтаат и за голема семејна куќа со широк двор и тревник по кој ќе трчаат деца, додека тие со друштво ќе прават скара и ќе пијат пиво. Жените родени во знакот Бик мечтаат за викенд или одмор некаде на село или во природа, опкружени со членовите од семејството со кое ќе уживаат во домашни специјалитети и семејни разговори.rnrnНајголемите хедонисти од сите знаци, Биковите, мечтаат за можност да можат да им покажат на сите како треба да се ужива во она што човек веќе го има или во она што тие го стекнале, а обично кај Биковите тоа никогаш не е мало.rn
Близнаци
rnКога денот, поточно ноќта би била доволно долга за Близнаците да можат да поминат неограничено време на Интернет, да играат игри, да гуглаат и да се допишуваат, на нивната среќа ќе нема крај! Мажите Близнаци мечтаат за преспивање во билјард-клуб, непрекинато време поминато во обложувалница, а кога вечерта ќе пристигнат во својот дом, да нарачаат пица и да се сместат пред телевизорот.rnrnДоколку мажот роден во знакот Близнаци фантазира да биде Петар Пан, тогаш жената Близнаци мечтае да биде Ѕвончица која може да биде насекаде, да не се задржува премногу долго на едно место, да патува со еден, да зборува на телефон со друг, додека мисли на трет додворувач.rn
Рак
rnОвој знак најмногу мечтае од сите, иако е всушност практичен. Раковите посакуваат многу поголема возбуда отколку што на прв поглед изгледа. Нивните соништа и мечтаења имаат врска со брзо возење во најновиот спортски модел на автомобил и патување во некоја прекуокеанска земја или град во близина на некое езеро каде што би можеле да запознаат некоја убавица со бујни облини.rnrnЖените родени во овој знак мечтаат за маскиран заводник (колега или комшија) кој ќе се искачи до прозорецот од нивната соба и ќе ги одведе во ноќта, додека тие треперат од возбуда.rn
Лав
rnЦелта на сите нивни мечти е да бидат успешни, но не само во професионална смисла, туку да можат да направи баланс со работата и семејните обврски. Бидејќи како што им е важна кариерата, Лавовите исто така сакаат да се грижат и за своето семејство, партнерот, децата и домашните миленичиња (особено мачките).rnrnЖените родени во овој знак, мечтаат за топло семејно гнездо кое ќе биде нивна оаза од соништата и во кое никогаш ништо нема да недостасува, бидејќи тие лично ќе се погрижат за тоа! Лавовите исто така мечтаат да им овозможат на своите деца најдобри услови за образование, да се занимаваат со уметност или спортот кој тие го сакаат.rn
Девица
rnСè што тие не постигнале да направат за време на работната недела, Девиците мечтаат да завршат во текот на викендот или одморот. На партнерот ќе му дадат „слободен ден“, децата ќе ги испратат на часови по странски јазик или сликање, на роднините ќе им кажат дека сакаат да се одморат, а тие со задоволство ќе се зафатат со средувањето на нередот на својата работна маса или работилница (конечно ќе го средат нередот во кутијата за алат), кујната или подрумот (ќе ги наредат сите зачини и тегли по боја). Но, кога сè ќе среди „под конец“, задоволните Девици ќе го земат најновото модно списание или омилената книга, и ќе се засладат со чоколадо.rn
Вага
rnСекогаш мечтаат за љубов.rnrnВагите обожуваат да уживаат. Тие обожуваат излегување во нов егзотичен ресторант со пријателите, отворање на изложба или модна недела и притоа си мислат „еве прилика за нови познанства, дружење, а зошто пак да не и за љубов?“ Жените родени во знакот Вага мечтаат за згодни спортски момци кои ќе ги заведат, додека пак мажите родени во знакот Вага, мечтаат за моделите од насловните страници на модните списанија кои ќе им се лизнат директно во нивната прегратка.rn
Скорпија
rnМечтаат за тајна љубовна врска со сексапилна личност која ја гледаат секојдневно во соседството, на работа или во блиската продавница. Фактот што таа личност не знае дека се наоѓа во нивните мисли, на Скорпиите уште повеќе ѝ се допаѓа. Тогаш Скорпиите почнуваат да ѝ праќаат знаци, на кои таа ретко успева да остане рамнодушна.rnrnТие веќе ја замислуваат во чизми од змиска кожа со високи потпетици, а жените во знакот Скорпија мечтаат за бунтовен, мачо-тип, облечен во кожна јакна, панталони и каубојски чизми кој ќе ги натера целосно да му се потчинат.rn
Стрелец
rnИако Стрелците често патуваат, тие сепак најмногу мечтаат за тоа, а во таа мечта секако е вклучен и најновиот спортски модел на автомобил. Мечтаат за заминување во земја во која никогаш не биле и таму да запознаат мистериозна жена која толку многу ќе ги заинтригира што нема да можат да престанат да мислат на неа.rnrnЖените во знакот Стрелец често мечтаат да отпатуваат, сами или со пријателите и да уживаат во истражувањето на нови предели, како и запознавањето на нови обичаи, без разлика дали ќе пијат чај во Египет, ќе шетаат низ Будимпешта или ќе уживаат во ритамот на Куба. Тие со задоволство ќе ја спакуваат својата торба и ќе заминат во нова авантура.rn
Јарец
rnОбожуваат да лутат, па макар и со мислите, во неистражени и недостапни делови во светот во кои не биле никогаш или за кои читале во детските авантуристички романи. Жените родени во овој знак мечтаат да се најдат во средина на некоја голема меѓународна истражувачка експедиција во Африка, во сафари облека, со големи очила за сонце и таму да запознаат мистериозен странец кој работи на тој важен проект.rnrnМажите Јарци често мечтаат да пронајдат малку слободно време за договор со издавачката куќа, за книгата која долго време ја имаат во план, или пак за излет со пријателите од планинарскиот клуб.rn
Водолија
rnМажите родени во знакот Водолија мечтаат за купување најнов модел на мобилен телефон кој не сте го виделе во ниедна реклама, но и конечно да се позанимаваат со деловите за својот автомобил кои успеале да го набават преку пријател или саем, а потоа со истите пријатели да ја продолжат вечерта со пијалак и да останат до утринските часови во некоја дискотека.rnrnЖените Водолии мечтаат за упорен, доследен, традиционален, патријархален (и богат) маж на кој нема да можат да му одолеат, дури и ако го однесат на концерт на својата омилена група или во шопинг.rn
Риби
rnТие мечтаат за одмор на рајски остров од нивните соништа со палми, долги песочни плажи како од бајка, додека тие пијат ароматичен коктел кој им го послужил згоден келнер или келнерка облечена во хавајско здолниште.rnrnМажите родени во овој знак мечтаат за ноќна забава на плажа. Додека брановите го заплискуваат брегот на кој донеле некоја егзотична убавица која токму ним тој ден им упатила долг, заводлив поглед. Жените Риби мечтаат за романтичен маж (богат) со кој ќе избегаат во ноќта без да кажат на никој.rnrnПрочитајте и кој е најбрзиот пат до срцето на секој хороскопски знак?